Close Menu
Press24
    Најново

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Испразнете ги базентите, август и септември се пикот на западнонилската треска, посочи Клековски

    17.08.2026 во 16:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ангелов: Пожарот кај прилепското село Чаниште зафати најмалку една куќа и помошен објект, екипите спречија поголема катастрофа
    • (ВИДЕО) Мисајловски: Нека одекне гордоста
    • Стоилковиќ – Колумбиа: Продлабочување на соработката за поддршка на општините
    • Божиновска: Македонија се подготвува официјално да се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор
    • Костовски: Создаваме нов простор за прошетка, рекреација и дружење
    • ФОТОВЕСТ: Колони автомобили на бензиските – сите точат пред големото поскапување по полноќ
    • ЦУК: Активни седум пожари, два под контрола и 13 изгаснати
    • Трамп со нова закана: „Ако Оман ни се испречи на патот, ќе го разнесеме“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кузеска: Суспензиите на ИПАРД може да траат две до три години, власта да го разреши Трипуновски

    Кузеска: Суспензиите на ИПАРД може да траат две до три години, власта да го разреши Трипуновски

    11.11.2025 во 13:052 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Откако скандалот кој го најави СДСМ се потврди, денес е време власта да почне да одговара на клучните прашања кои ги засегаат и земјоделците и јавноста, но и време е конечно да видиме оставка од Трипуновски кој три дена се крие од јавноста, рече на денешната прес-конференција портпаролката од СДСМ, Богданка Кузеска.

    Јавноста и граѓаните треба да знаат дека ИПАРД средствата кои се сега суспендирани се додлеуваат како 50% грант за земјоделците, а 50% тие сами обезбедуваат за секој проект. Ова значи дека сите оние кои досега веќе започнале со инвестицијата веќе вложиле свои средства или средства од кредити за половина инвестиција а сега остантите 50% заради корупцијата на власта нема да им бидат исплатени и не се знае кога и дали ќе бидат воопшто исплатени, вели Кузеска.

    „Прво прашање што мора да го одговори итно власта е: Колку корисници веќе имаат потпишано договори и имаат вложено свои средства? Што ќе преземе владата за да ги заштити овие луѓе бидјеќи е јасно дека заради корупцијата на луѓето на Трипуновски и Мицкокси тие се оштетени?

    За на јавноста да и биде јасно, ваквите суспензии може да траат две до три години а прашање е дали воопшто ИПАРД програмата по ваков скандал ќе продолжи. Ова е страшен удар за македонското земјоделство и развојот на државата! Ова е срам нанесен во европкските институции и на меѓународната сцена.

    Само за потсетување, во периодот од седум години кога СДСМ ја водеше програмата, ИПАРД беше „најуспешната приказна во државата“ со 2.369 реализирани инвестиции и целосна искористеност на европските средства“, истакна Кузеска.

    Кузеска рече дека ова што денес се случува на секое поле е резултат на партизација, клиентелизам и злоупотреби за кои од првиот ден зборуваме. Сѐ што ДПМНЕ ветуваше како поддршка за земјоделството, сега се претвора во неизвесност и ризик.

    СДСМ бара:

    – Итно објавување на сите документи и извештаи поврзани со програмата IPARD, бројот на корисници и извештај за ризикот кој е настанат како резултат на корупцијата.

    – Итна оставка од Трипуновски и сите назначени лица кои биле дел од овој процес кои може да бидат компромитирани.

    Јасно е дека корупцијата е длабоко влезена во целиот систем и мора одговорност да има од сите инволвирани, потенциташе Кузеска.

    Прочитај повеќе

    Велјановски ги најави новите странски инвестиции во ТИРЗ зоните низ Македонија

    17.08.2026 во 11:37

    Петрушевски: СДС нема политика и измислува кризи, фактите ја рушат нивната паника

    17.08.2026 во 11:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.