Времето денеска ќе биде променливо облачно, со локални врнежи од дожд, кои според УХМР, насекаде ќе престанат во текот на денот.
Ќе дува слаб до умерен, но долж Повардарието повремено ќе биде засилен.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во главниот град ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, проследено со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9 степени, а максималната ќе достигне 16 степени.
УХМР најавува дека по денешниот ден, до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво, но со пониска утринска температура.

