Close Menu
Press24
    Најново

    Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат

    17.08.2026 во 10:29

    „Зошто замина толку рано“: Пејачот Јоце Панов се прости од починатиот Елвис Мекиќ

    19.08.2026 во 10:49

    Герасимовски: И оваа година бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение

    17.08.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија ќе потпишат Меморандум за соработка
    • Метју Меконахи откри како филм со Џенифер Лопез му „помогнал“ да се спаси од полицијата на аеродромот во Мексико
    • Трагедија: Повеќе од 100 загинати при уривање на рудник за злато
    • Цената на нафтата скокна на највисоко ниво во последните три недели
    • Николоски со порака од Прилеп: ВМРО-ДПМНЕ сега е најсилно од своето постоење
    • Македонците го одбележаа Преображение во црквата во село Ербеле, Албанија
    • Мицкоски: Нема дилема дека разговараме со цел да се најде решение за ЕУ процесот
    • Се обидел да ограби обложувалница, но алармот го исплашил – од полицијата не успеа да избега
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Претседателката прими делегација на Меѓупарламентарната група за пријателство од шведскиот парламент – Риксдаг

    Претседателката прими делегација на Меѓупарламентарната група за пријателство од шведскиот парламент – Риксдаг

    10.11.2025 во 18:561 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими делегација на Меѓупарламентарната група за пријателство од шведскиот парламент – Риксдаг, предводена од Лота Џонсон Форнавре, во придружба на амбасадорот на Кралството Шведска, Oла Солстром.

    Сиљановска-Давкова изрази задоволство од извонредната соработка со шведските пратеници, заснована на взаемна доверба и почит, нагласувајќи дека таквото партнерство претставува основа за натамошно зајакнување на вкупните билатерални односи меѓу двете држави.

    Таа потсети дека Шведска е четвртиот најголем билатерален донатор на земјава и дека нејзината поддршка не се огледува само во развојната помош, туку и во улогата на фасилитатор на европските реформи.

    Како поранешна членка на Надзорната група за соработка со шведскиот Риксдаг, Сиљановска-Давкова нагласи дека шведската парламентарна демократија отсекогаш била пример од кој можеме да учиме. Според неа, искуството стекнато преку таквата соработка претставува поттик за нови, отворени и конструктивни дијалози што ќе ја зајакнат политичката култура и институционалната зрелост во земјава.

    Шведските пратеници изразија отвореност и решеност за продолжување на парламентарната соработката, размена на демократските искуства и помош и поддршка на македонскиот евроинтегративен процес.

    Претседателката порача дека напредувањето кон ЕУ мора да се темели на мерит систем, а не на политички условувања и еднострани барања.

    Прочитај повеќе

    Николоски со порака од Прилеп: ВМРО-ДПМНЕ сега е најсилно од своето постоење

    19.08.2026 во 22:37

    Македонците го одбележаа Преображение во црквата во село Ербеле, Албанија

    19.08.2026 во 22:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.