Close Menu
Press24
    Најново

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Испразнете ги базентите, август и септември се пикот на западнонилската треска, посочи Клековски

    17.08.2026 во 16:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ангелов: Пожарот кај прилепското село Чаниште зафати најмалку една куќа и помошен објект, екипите спречија поголема катастрофа
    • (ВИДЕО) Мисајловски: Нека одекне гордоста
    • Стоилковиќ – Колумбиа: Продлабочување на соработката за поддршка на општините
    • Божиновска: Македонија се подготвува официјално да се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор
    • Костовски: Создаваме нов простор за прошетка, рекреација и дружење
    • ФОТОВЕСТ: Колони автомобили на бензиските – сите точат пред големото поскапување по полноќ
    • ЦУК: Активни седум пожари, два под контрола и 13 изгаснати
    • Трамп со нова закана: „Ако Оман ни се испречи на патот, ќе го разнесеме“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Голем пожар кај Љубљана: Изгорени над 2.000 м² магацински и производствени објекти во индустриски комплекс

    Голем пожар кај Љубљана: Изгорени над 2.000 м² магацински и производствени објекти во индустриски комплекс

    09.11.2025 во 11:551 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пожар што избувна рано утрово во поранешниот погон на словенечката компанија за преработка на дрво Радомље, недалеку од Љубљана, предизвика огромна материјална штета, соопшти општина Домжале.

    Пожарот е изгаснат неколку часа откако избувнал, но професионални и доброволни пожарникари сè уште се на лице место како мерка на претпазливост, јавува агенцијата СТА.

    Пожарот зафатил повеќе од 2.000 квадратни метри магацински и производствени објекти во индустрискиот комплекс на поранешната компанија ЛИП Радомље, а во неговото гаснење учествувале повеќе од 150 припадници на разни служби и повеќе од 30 возила на противпожарната служба од општина Домжале и околните градови.

    Локалните медиуми објавија дека пламените јазици зафатиле и дел од комплексот каде што биле паркирани половни автомобили.

    Во тек е истрага за да се утврди причината за пожарот.

    Прочитај повеќе

    Спасена туристка на Халкидики, па доби казна од грчката крајбрежна стража

    17.08.2026 во 10:35

    Автобус со 84 патници излета од автопатот во Бугарија

    15.08.2026 во 11:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.