Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Божиновска: Поддршката за стабилноста на пазарот на горива продолжува
    • Трамп: Ѝ дадовме многу на Украина, тие нам ништо не ни дадоа
    • Ученик нападнат на голем одмор, еден од напаѓачите извадил пиштол
    • Проверете си ги сметките: Во тек е исплатата на родителски додаток за дете
    • Поевтин дизел за два денари до 2 ноември – Министерството за енергетика ја поздрави одлуката на ОКТА
    • Ништо од свадбата на Игор Којиќ и бремената Николина: Кеба откри се
    • Вучиќ за ескалацијата во ЕУ: Кога се случи насилството во Париз, ја изведоа војската, а јас немав ниту еден воден топ
    • Димитриеска-Кочоска: Поевтин дизел и пониски акцизи до 2 ноември
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Грозоморно убиство во Чашка: Го викнале во кола и му пукале во глава – еден осомничен приведен

    Грозоморно убиство во Чашка: Го викнале во кола и му пукале во глава – еден осомничен приведен

    07.11.2025 во 09:111 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основното јавно обвинителство во Велес поведе истражна постапка против едно лице, осомничено дека заедно со уште едно засега непознато лице сторил кривично дело – убиство, казниво по член 123 став 1 од Кривичниот законик.

    Според обвинителството, на 5 ноември во местото викано Поројница, во близина на земјениот пат од Чашка кон селото Бусилци, осомничениот го намамил велешанецот Ѓело Ѓошев и со својот автомобил го однел на локацијата. Таму, заедно со друго лице кое сè уште не е идентификувано, пукале во него со огнено оружје и му нанеле прострелна рана во главата, од која жртвата починала на лице место.

    Од истрагата произлегува дека осомничениот и претходно бил осудуван за разбојништво. По извршеното убиство, тој се обидел да ги прикрие трагите и на тој начин да влијае врз понатамошниот тек на постапката.

    Јавниот обвинител оцени дека постои опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз сведоците, како и ризик да го повтори делото, па до судот достави предлог за определување мерка притвор.

    Полицијата, по наредба на обвинителството, продолжува со интензивна истрага за откривање на вториот соизвршител и за утврдување на мотивите за убиството.

    Прочитај повеќе

    Ученик нападнат на голем одмор, еден од напаѓачите извадил пиштол

    20.10.2026 во 17:15

    Серија апсења во Скопје

    20.10.2026 во 16:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.