Образованието е скапа работа. Но, вредноста на квалитетот е поголема од било која цена и затоа Владата на Македонија останува фокусирана на сите промени што мора да се случат до конечната цел, затоа што друга алтернатива за нас не постои. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на работилницата што Министерството за образование и наука ја организираше со повеќе други институции и партнерски домашни и меѓународни организации со кои ја изработува новата Стратегија за образование 2026-2032.
Започнавме реформски процеси во сите образовни сегменти, одеднаш и паралелно,
бидејќи застојот беше очигледен. Тоа ни го потврдуваат ПИСА и ТИМСС, Шангајската ранг-листа, извештаите на Европската комисија и други релевантни анализи. Но, веќе година и половина, со силен ентузијазам, спроведуваме програмски определби кои ги даваат првите резултати, а за целосна ефективност мора да постои континуитет. Тој континуитет ќе биде обезбеден со новата Стратегија за образование“, рече Јаневска.
Изрази благодарност до сите што учествуваат во изработката на стратешкиот документ
и рече дека до крајот на месецот има можност некој аспект да биде надополнет или подобрен со идеја што, како што рече, ќе дојде од некој што досега не бил дел од процесот на изработка.
„Стратегијата треба да ја подигне инклузивноста, дигиталната и медиумската писменост, грижата за менталното и физичкото здравје на младите, да ја засили поддршката за наставниците и да го поттикне развојот на нивните компетенции за современа настава според глобалните образовни стандарди. По усвојувањето следува потешкиот дел – имплементација и мерење на постигнувањата. Затоа, енергијата што досега ја имавме треба да ја задржиме на исто ниво, а Владата ќе се погрижи да ги обезбеди сите потребни ресурси за спроведување на предвидените мерки, проекти и активности“, рече Јаневска.
На денешната работилница за изработка на Стратегијата за образование 2026-2032
учествуваа и претставници на УНИЦЕФ, УНДП; Светската банка, ГИЗ, академската и
научна фела, како и претставници на бизнис заедницата.
- Општина Кисела Вода организира бесплатен летен камп за ученици – аплицирањето е до 13 јуни
- Јаневска најави пресврт: Од оваа година се воведуваат дигитални свидетелства, еве за кои одделенија ќе важат
- Се огласи Груевски: Маленко измислува приказни по поткасти, никогаш во животот не сум го видел тој човек
- АПИС: Предложениот Закон за игри на среќа е недозволиво да се носи набрзина
- Почна невремето во Македонија – грмежи и пороен дожд во овие региони
- МФ: 230 милиони евра пласирани во домашните компании од унгарскиот заем, рализирани 92% од вкупните средства
- Метео аларм: Доаѓа силно невреме со пороен дожд и град, од петок драстичен пад на температурите
- Мицкоски: По 14 пропаднати тендери, државата сама ќе ги гради „Чебрен“ и „Галиште“ со 1,5 милијарди евра

