По добиена пријава, со интервенција од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонреден инспекциски надзор на возило во кое се превезувало храна со непознато потекло, на подрачјето во општина Чучер-Сандево. При извршениот надзор пронајдени се 1.060 килограми кршени ореви и 581
килограми кикирики во зачинета обвивка, во рефус состојба, без идентификација и без потребни информации за потрошувачите. Во рамки на истата пратка со надзорот најдени се и 900 килограми индиски ореви, со декларација.
Бидејќи производите биле без соодветна документација за потекло и квалитет, согласно Законот за безбедност на храна, затекнатите количини се прогласени за небезбедни и истите ќе бидат нештетно уништени. Против лицето затекнато при контролата, поведена е прекршочна постапка за пуштање во промет на небезбедна храна, односно, заради пуштање во промет на храна од страна на нерегистриран оператор и немање на потребни информации за потрошувачите.
На сторителот изречена му е глоба од 600 евра во денарска противвредност. Агенцијата за храна и ветеринарство ќе продолжи со спроведување на засилени контроли на терен, со цел спречување на пласман на небезбедна храна и заштита на здравјето на потрошувачите.
- Орхан Муртезани: Ја продолжувам јавната служба како амбасадор во НАТО
- Во Франција најавуваат користење ВИ за тестирање кибер безбедност на државните агенции
- Директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов во посета на Општина Маврово и Ростуше
- ЦУК: До 18 часот 11 активни пожари, а три под контрола
- Тошковски на централната прослава во Охрид: 34 години македонска Армија
- Утре без струја дел од Скопје
- Македонија меѓу земјите кои не се членки на ЕУ, а се приклучија на санкциите против Белорусија
- „Нова територија на САД“ – Вака Трамп ја нарече Ормуската Теснина

