Close Menu
    Најново

    Апсења на повеќе локации во Скопје: Приведени шест лица

    23.12.2025 во 15:41

    Филипче: Граѓаните ќе плаќаат скапа струја поради катастрофалното менаџирање на Владата

    23.12.2025 во 15:24

    Вадефул: Прекинот на огнот во Украина нема да ја запре руската закана

    23.12.2025 во 15:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Апсења на повеќе локации во Скопје: Приведени шест лица
    • Филипче: Граѓаните ќе плаќаат скапа струја поради катастрофалното менаџирање на Владата
    • Вадефул: Прекинот на огнот во Украина нема да ја запре руската закана
    • Лишен од слобода малолетник: Возел автомобил и учествувал во сообраќајка
    • ВМРО-ДПМНЕ: Уште една лага на СДС распрсната, нема покачување на струјата како што тврдеа, имаме најниско покачување во Европа
    • Чекор кон развој на современа реконструктивна микрохирургија: Извршени две сложени микрохируршки операции
    • Само еден инфлуенсер во Македонија се пријавил во регистарот на АВМУ
    • Утре во Драмски театар: Комеморација за Лазе Манасков
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Европратеничката Јовева: Брисел не е фер – Македонија има напредок

    Европратеничката Јовева: Брисел не е фер – Македонија има напредок

    06.11.2025 во 10:01
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Словенечката европратеничка со македонско потекло, Ирена Јовева, во изјава за МИА оцени дека не е фер Северна Македонија да се става во ист контекст со Србија и Босна и Херцеговина кога се зборува за напредокот на земјите од регионот на европскиот пат.

    – Морам да кажам дека Црна Гора и Албанија, а особено Црна Гора, се најнапредни во однос на реформите и напредокот. Но, не би сакала да испадне дека ја критикувам еврокомесарката Марта Кос или Европската комисија, само мислам дека не е фер Северна Македонија да биде ставена во истиот кош со Србија, па дури и со Босна и Херцеговина, изјави Јовева, која е дел од либералната група „Да ја обновиме Европа“.

    Таа нагласи дека таквата оценка е премногу општа и не ја одразува реалната состојба во земјата.

    – Не може да се каже дека Северна Македонија не напредувала. Напротив, има напредок, иако не во иста мера како Црна Гора, но сепак заслужува да се признае дека се движи напред, рече Јовева.

    Според неа, ако Извештајот на Европската комисија за 2025 година се чита внимателно, се гледа дека земјата бележи реални резултати и дека тоа треба јасно да се потенцира.

    – Мислам дека таквиот наратив не е ниту правилен ниту фер, особено од страна на Европската комисија. Северна Македонија напредува и е на добар пат кон Европската Унија, истакна словенечката европратеничка.

    Јовева одби да се согласи со тврдењата дека Унијата нема волја да ја прими Северна Македонија и дека само го користи спорот со Бугарија како изговор.

    – Како некој што има добар увид во процесите, можам да кажам дека таквите проценки не се точни. Моментумот постои, а реалноста е дека Северна Македонија има направено напредок. Прашањето не е дали ЕУ сака или не сака, туку кога ќе се финализира процесот, нагласи таа.

    Јовева потсети дека спорот со Бугарија е билатерален и тоа јасно е нагласено и од Европскиот парламент и од Европската комисија.

    – Како што не е фер Северна Македонија да се споредува со Србија во контекст на европскиот напредок, така не е фер ни да се користи регионалната ситуација за собирање евтини политички поени. Северна Македонија е држава што заслужува членство во Европската Унија и верувам дека ќе стигне до таму – само треба да продолжи со реформите, порача Јовева.

    Популарно

    Каде ви се капите и шалчињата: Снегот доаѓа

    23.12.2025 во 10:18

    Ахмети: Јас ја уништив Југославија

    22.12.2025 во 22:03

    Грците тестираат специјални сообраќајни камери, ловат се „живо“: За 4 дена регистрирани повеќе од 2.000 прекршоци

    22.12.2025 во 09:59

    Печалбарите се враќат дома за празниците – за два дена над 30 000 влегле само на Табановце

    23.12.2025 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.