Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ѓорѓиевски: Граѓаните може да пријавуваат диви депонии и оштетени контејнери преку „ЕкоСкопје“
    • Кривична за Јани Макрадули за 10 милиони денари
    • „Аирлија нека е“ – Мицкоски со добра вест за граѓаните
    • Мицкоски: Без промоција на семејните вредности и многудетните семејства, македонската економија ќе биде прва на удар
    • Инцидент во болницата во Гостивар: Маж тешко повреден додека чекал лифт
    • Манасиевски: СДС со Филипче дојде до стадиум да се радуваат на 4 место на локални избори
    • Цветаноски: Секој трет работник во Македонија живее со плата под прагот на сиромаштија
    • ССМ: За да преживее, на едно семејство му треба над 70.000 денари месечно
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова ја доби првата копија од Привилегијата од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки

    Сиљановска-Давкова ја доби првата копија од Привилегијата од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки

    05.11.2025 во 19:161 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими професорот Георги Гоце Дуртаноски, кој ѝ ја врачи првата копија од Привилегијата дадена на Македонците од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки во 1690 година во Виена.

    Авторот на овој уникатен документ во калиграфски препис, проф. Дуртановски говореше за неговата важност за потврда на посебноста на македонскиот идентитет.

    Со него, царот Леополд го прифатил барањето за заштита на Македонците од турското ропство, барајќи од нив да се приклучат во борбата против заедничкиот непријател.

    Дуртаноски посочи дека оригиналниот записник бил пронајден во Воениот архив во Виена, а потем реконструиран во Центарот за ракописни студии при европската христијанска академија, со којшто раководи. 

    Заблагодарувајќи се за копијата, Сиљановска-Давкова изрази почит кон неговата успешна работа во Летонија, кадешто предава христијанска палеографија, како и кон ангажманот ширум Европа. Во Привилегијата, таа препознава документ од особено значење за македонскиот народ и неговиот идентитет.

    „Документот го потврдува она што повеќепати е докажано, но добро е да имаме уште еден аргумент, соочени со обидите за негово оспорување“, додаде претседателката.

    Обајцата веруваат во важноста и ефикасноста на културната дипломатија, особено за малите држави.

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски: Граѓаните може да пријавуваат диви депонии и оштетени контејнери преку „ЕкоСкопје“

    20.10.2026 во 12:58

    Кривична за Јани Макрадули за 10 милиони денари

    20.10.2026 во 12:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.