Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ѓорѓиевски: Граѓаните може да пријавуваат диви депонии и оштетени контејнери преку „ЕкоСкопје“
    • Кривична за Јани Макрадули за 10 милиони денари
    • „Аирлија нека е“ – Мицкоски со добра вест за граѓаните
    • Мицкоски: Без промоција на семејните вредности и многудетните семејства, македонската економија ќе биде прва на удар
    • Инцидент во болницата во Гостивар: Маж тешко повреден додека чекал лифт
    • Манасиевски: СДС со Филипче дојде до стадиум да се радуваат на 4 место на локални избори
    • Цветаноски: Секој трет работник во Македонија живее со плата под прагот на сиромаштија
    • ССМ: За да преживее, на едно семејство му треба над 70.000 денари месечно
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Предложен нов список на лектири во основното образование, МОН повикува на јавна дискусија

    Предложен нов список на лектири во основното образование, МОН повикува на јавна дискусија

    05.11.2025 во 11:492 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието организираат јавна дискусија за нов предлог-лектирен список за основното образование.

    Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието организираат јавна дискусија за нов предлог-лектирен список за основното образование и упатуваат покана до сите заинтересирани страни – наставници, стручни служби и други чинители во образованието – „активно да се вклучат во дефинирање современ, инклузивен и квалитетен лектирен список, кој ќе одговара на реалните потреби на учениците и наставниот процес“.

    МОН на својата веб-страница објави предлог-список на лектири посочувајќи дека потребата од ажурирање на лектирниот список произлегува „од стремежот за постојано усогласување на наставните содржини со современите образовни цели, развојните карактеристики на учениците и нивниот социјален и емоционален контекст“.

    -Предлог-списокот е изработен врз основа на списокот што се реализира во наставата од учебната 2019/2020 година. Одредени наслови се отстранети поради ниска читаност, несоодветност на возраст или содржина. Поради промени во наставните програми и интердисциплинарно поврзување во наставата, некои дела се преместени во друго одделение или добиле нов статус – од задолжителни станале изборни и обратно. Во предлогот се вклучени дела што обработуваат современи и значајни теми, меѓу кои: идентитет и самодоверба, пријателства и меѓучовечки односи, училишен живот и булинг, емоционални и психолошки предизвици, културна разноликост, инклузија на деца со посебни образовни потреби, наведува Министерството за образование и наука.

    Целта е учениците да читаат содржини блиски на нивната реалност, но, додава МОН, „и доволно слоевити за анализа и симболичко толкување, што ќе поттикнува критичко размислување, дискусија и личен развој“.

    Предлог-списокот на лектири е отворен за предлози за сите одделенија од второ до деветто. Предвидена е и можност за вклучување на по едно дело од националните литератури на сите наставни јазици, при што секое дело ќе биде преведено на сите службени наставни јазици во Македонија.

    Во објавата на МОН е достапен и формулар за предлог-книга кој, најдоцна до крајот на месецов (30 ноември), треба да се испрати на е-адресата на Бирото за развој на образованието bro.macedonia@bro.gov.mk.

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски: Граѓаните може да пријавуваат диви депонии и оштетени контејнери преку „ЕкоСкопје“

    20.10.2026 во 12:58

    Кривична за Јани Макрадули за 10 милиони денари

    20.10.2026 во 12:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.