Close Menu
Press24
    Најново

    Физички нападнал сограѓанин кој се онесвестил: Кривично гонет 36-годишен кривопаланчанец

    10.06.2026 во 16:11

    Апсења во Скопје

    10.06.2026 во 16:05

    Почината жена пронајдена во стан во Аеродром, телото е предадено на обдукција

    10.06.2026 во 15:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Физички нападнал сограѓанин кој се онесвестил: Кривично гонет 36-годишен кривопаланчанец
    • Апсења во Скопје
    • Почината жена пронајдена во стан во Аеродром, телото е предадено на обдукција
    • Невреме со град го погоди Мариово, поројни врнежи и грмежи во прилепско и кратовско
    • Татко си ги тепал ќерките, сопругот на нападнал сопругата – Две лица лишени од слобода од вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие
    • Голема акција на МВР: Лишени од слобода 23 возачи, меѓу нив и малолетници
    • Трагедија во скопско: Почина вработена во училиште во Црешево
    • Муцунски од Софија: Македонија е заложник на некоректна блокада, за идентитетот и јазикот нема преговори
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Силјановска-Давкова: Време е за ограничување на мандатите на градоначалниците – власт мора да ограничува власт

    Силјановска-Давкова: Време е за ограничување на мандатите на градоначалниците – власт мора да ограничува власт

    03.11.2025 во 22:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Локалните избори поминаа „сосема во ред, како што треба да бидат по 30 години“, оцени вечерва претседателката Гордана Силјановска-Давкова во гостувањето во емисијата „360 степени“ на МРТ.

    Претседателката, сепак, изрази изненадување од малиот број кандидатки на овие избори, додавајќи дека очекувала поголема застапеност на жените.

    Силјановска-Давкова порача дека треба сериозно да се размисли за ограничување на мандатите на градоначалниците на две години, бидејќи долгото владеење носи опасност од партизација и дури „рефеудализација“, особено во малите средини.

    „Ако има граница во парламентарните системи, кај претседателите со церемонијални функции, тогаш кај нас системот на локална самоуправа се квалификува како квази претседателски, со многу силни ингеренции на градоначалниците. Оттука, нешто што е невообичаено, министри, пратеници, се одлучуваат да конкурираат за градоначалничка функција,“
    – истакна Силјановска-Давкова.

    Таа посочи дека концентрацијата на моќ кај градоначалниците е сериозен проблем, бидејќи нема други извршни органи на локално ниво.

    „Повеќе од дваесет години ние имаме исти градоначалници. Тоа некаде се нарекува републикански монархизам,“
    укажа претседателката.

    Во делот за спречување на корупцијата, Силјановска-Давкова потенцира дека „власт може да ограничува власт“, но само доколку постојат силни институции, независно судство и активно граѓанско општество.

    „Вие рековте слаби институции, дека системот на ’спреги и кочници’ може да доведе до ограничена власт, дека силното јавно мислење може да ограничи власт, силна опозиција, а во моментов не можеме да речеме дека има… Затоа, одговорноста е далеку поголема,“
    рече Силјановска-Давкова.

    Таа потсети дека политичарите треба да бидат опкружени со критичари за да останат одговорни и самокритични.

    „Сетете се до какви промени доаѓаше во министерствата. Па, вие да сте волшебник, не можете да го реформирате Министерството за здравство за неколку месеци. (…) Добра лекција е Словенија – и министерот за правда и министерот за внатрешни работи заминаа. Не говориме секогаш за кривична или граѓанска одговорност, туку за етика. Говориме за политичка одговорност,“
    подвлече претседателката.

    Прочитај повеќе

    Физички нападнал сограѓанин кој се онесвестил: Кривично гонет 36-годишен кривопаланчанец

    10.06.2026 во 16:11

    Апсења во Скопје

    10.06.2026 во 16:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.