Close Menu
Press24
    Најново

    Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат

    17.08.2026 во 10:29

    Ведрана Рудан пред смртта: На синот не му оставам ништо и не го сакам на мојот погреб

    18.08.2026 во 11:31

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • За Успение на Пресвета Богородица обезбеден дополнителен превоз до Матка
    • Преображение Господово: Денот кога за првпат се јаде благословено грозје – Ова се обичаите
    • Летниот режим на сообраќај на сила до 31 август – АМСМ информира за правилата
    • Ќе нема вода од 9 часот – Најавени прекини на неколку скопски улици
    • Ќе нема струја до 14:30 часот – Најавени исклучувања низ Скопје
    • Македонија и Чешка ги продлабочуваат билатералните односи – Мацинка во Охрид на средба со Муцунски
    • Доградба на нови училници во ООУ „Александар Македонски“ – Јаневска ќе иврши увид
    • УХМР најавува пресврт со времето – Викендов температурите над 40 степени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Орбан: Финансирањето на Украина не е работа на Унгарија

    Орбан: Финансирањето на Украина не е работа на Унгарија

    03.11.2025 во 19:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека, според јавните проценки, на Украина ѝ се потребни 400 милијарди американски долари за да ја продолжи војната со Русија во следните четири години и дека се очекува Европската Унија да ја плати сметката, но истакна дека „не е работа на Унгарија да ја финансира Украина“, иако неговата земја е членка на ЕУ.

    Орбан рече дека, освен ЕУ, нема никој друг кој е подготвен да ја плати сметката, пренесе МТИ.

    „Затоа Брисел е толку вознемирен. Затоа сакаат да запленат замрзнати руски средства, да го ревидираат системот за финансирање на ЕУ и да земат нови заеми. Ние го отфрламе тоа. Не е работа на Унгарија да ја финансира Украина. Немаме причина за тоа, ниту политички, ниту економски, ниту морално. Не сме сами во Европа, но зборуваме најотворено. Затоа Брисел постојано нè напаѓа“, рече Орбан.

    Тој рече, користејќи германски израз, дека ЕУ сака „јавол (jawohl) влада“, односно влада која само ќе кажува „разбирам“.

    „Тие сакаат „јавол влада“, со Канцеларија на европскиот јавен обвинител, економска политика што е во согласност со ЕУ, експерти одобрени од Брисел и премиер што можат да го контролираат“, рече Орбан.

    Унгарскиот премиер најави дека неговата влада во следните четири години ќе ги поддржува унгарските семејства, бизниси и пензионери, во чии рамки ќе се воведе ослободување од данок за мајките со две или три деца, а ќе се врати 14-тата пензија.

    „Не можеме да дозволиме унгарски пари да се испраќаат во Украина“, заклучи Орбан.

    Прочитај повеќе

    Во Франција најавуваат користење ВИ за тестирање кибер безбедност на државните агенции

    18.08.2026 во 19:17

    „Нова територија на САД“ – Вака Трамп ја нарече Ормуската Теснина

    18.08.2026 во 17:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.