Вчера во 17:45 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишија од слобода Р.А., на возраст од 40 години од село Марена, кавадаречко.
Според пријавеното, кај место викано „Краиште“, кавадаречко, настанала физичка пресметка помеѓу А.А, на возраст од 21 година, А.А.. на 19-годишна возраст и еден малолетник, од една страна и Р.А. и 38-годишната Ш.А., од друга страна, сите од село Марена.
Притоа, Р.А. со дрвен предмет го нападнал 21-годишниот А.А. и му нанел тешка телесна повреда, констатирана во Општа болница – Кавадарци. Предметот е пронајден и одземен, а Р.А. е задржан во полициска станица. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, појаснија од СВР – Велес.
- Ќе снема вода во 9 часот – Исклучување на неколку скопски улици
- 100 нови амбулантни возила за здравството – Мицкоски на промоцијата
- Собранието расправа: Се прецизираат условите за приватизација на државното градежно земјиште
- Ќе нема струја 6 ипол часа – Најавени исклучувања во повеќе делови на Скопје
- Сончево и топло ама среќата нема долго да трае – УХМР најавува драстична промена на времето
- Голема пресвртница во 2027 година за еден хороскопски знак – пристигнуваат подобри денови, пари и љубов
- Афера со лажни испити: Професорка осудена на затвор, студентите полагале само на хартија
- 58 возачи останаа без возачка, двајца и без возилата – Полицијата правеше чистка

