Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 58 возачи останаа без возачка, двајца и без возилата – Полицијата правеше чистка
    • Трамп: Време е некој друг да преговара во име на Украина
    • Историска евакуација: Украинската армија со летачки дрон извлече ранет војник од фронтот
    • Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени
    • Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците
    • На 4 хороскопски знаци расположението им се менува во секунда – еве зошто
    • Драма во близина на Будва: Се запали туристички брод
    • Николоски: Првите 30 електрични еколошки автобуси пристигнуваат порано од предвидениот рок
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Антикорупциска разгледуваше пријави за изборите: Директорка на училиште на Вибер барала поддршка за кандидат

    Антикорупциска разгледуваше пријави за изборите: Директорка на училиште на Вибер барала поддршка за кандидат

    03.11.2025 во 12:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Директорка на средно училиште која во електронска комуникациска група споделила содржина од политичка партија и изборен плакат, со молба за поддршка на кандидат, ќе биде процесуирана од Јавното обвинителство.

    Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница информираше дека, постапувајќи по пријавата, утврдила оти надлежен орган за понатамошно постапување е токму Јавното обвинителство.

    Антикорупциска на истата седница затворила неколку други пријави поврзани со изборите, бидејќи не утврдила прекршувања.

    Меѓу нив е и пријавата за избор на професор за проректор на универзитет, каде е утврдено дека лицето веќе имало работен однос, што не се смета за ново вработување. Затворена е и пријава за вработување во средно училиште, бидејќи одлуката била донесена во дозволениот период.

    ДКСК не утврдила прекршување ниту кај кандидат за градоначалник кој ветувал парични средства во готово за ранливи категории и пензионери, оценувајќи дека станува збор за промоција на изборна програма.

    „Се работи за изјава дадена пред медиуми за дел од програма на кандидат кој што е посветен на ранлива категорја на граѓани како и на пензионери. Се работи за проект кој што го промовира и мерка која подразбира дел од неговата програма и промоција на активностите кои што ќе бидат реализирани во текот на мандатот, посочија оттаму.“

    На седницата, ДКСК ја усвои и Методологијата за изготвување на новата Национална стратегија за спречување на корупцијата 2026–2030.

    Прочитај повеќе

    58 возачи останаа без возачка, двајца и без возилата – Полицијата правеше чистка

    19.10.2026 во 23:12

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.