Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45

    Костовски: Создаваме нов простор за прошетка, рекреација и дружење

    17.08.2026 во 19:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФОТО: Се запали куќа во Козле
    • Уште една скопска улица без вода – Водовод со известување
    • „Сакам….“ Ведрана собра 17.000 евра откако дозна за тешка дијагноза: Вака сакаше да умре
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС создава паника и дезинформации наместо да води одговорна политика
    • ДУИ: Повторно се гради дивоградбата на „Ќемал Сејфула“, Општина Чаир и Обвинителството да реагираат
    • Нови фабрики и инвестиции: Во Македонија се отвораат илјадници работни места
    • Трагедија на романскиот брег: Двајца браќа се удавија пред очите на својата сестра
    • СДСМ: Во Скопје долго се чека за прскање против комарци
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Првпат под 50%: Овие локални избори се со најслаб одѕив од независноста

    Првпат под 50%: Овие локални избори се со најслаб одѕив од независноста

    03.11.2025 во 12:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Локалните избори во 2025 година ќе останат забележани како избори со историски најнизок одѕив на гласачите од независноста на државата. Првпат излезноста беше под 50 отсто во двата круга.

    Според податоците на ДИК, во првиот круг гласале 48.30% од избирачите, а во вториот круr, според првичните податоци, само 41,24%.

    Ова е продолжување на трендот на постојан пад на излезноста што се бележи од 2013 година, кога е регистриран и најголемиот одѕив. Тогаш во првиот круг гласале 67%, а во вториот 65%.

    Веќе во 2017, излезноста во прв круг падна на 60% (втор 52%), а во 2021 на 50,57% (втор 50,69%), за сега да се спушти на 48,30% и 41,24%.

    Во вториот круг од овие избори, најголема излезност има во Росоман (79,68%) и Лозово (77,85%), додека најмала е регистрирана во Куманово (35,70%) и Шуто Оризари (32,03%).

    Излезноста за градоначалник на Скопје во вториот круг била само 35,33 проценти. Најголем одѕив во главниот град имало во Карпош (50,52%) и Центар (47,59%), каде исто така се гласаше за општински градоначалник, додека најниска излезност има во Сарај (12,27%) и Чаир (14,15%), каде се гласаше само за градоначалник на Град Скопје.

    Поради ниската излезност, во четири општини не беше постигнат потребниот цензус од една третина од запишаните избирачи. Станува збор за Гостивар, Центар Жупа, Маврово и Ростуше и Врапчиште, каде ќе се спроведе нова изборна постапка во рок од 60 дена.

    На овие избори имало вкупно 309 кандидати за градоначалници, што е благо зголемување од 2021 година (299). Најмногу кандидати (683) имало на првите избори во 1996 година, а најмалку (257) во 2017 година.

    Прочитај повеќе

    ФОТО: Се запали куќа во Козле

    18.08.2026 во 10:24

    Уште една скопска улица без вода – Водовод со известување

    18.08.2026 во 10:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.