Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се наближува ноември – Македонската полиција ќе ве казни 45 евра за еден прекршок
    • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже кога дознал за наводниот скандал од 37 милиони евра
    • Студено утро во Македонија, температури под нула – Попладне нагло ќе пораснат
    • Вевчани инвестира во инфраструктурата: Реконструкција на улици, бесплатно Wi-Fi и нова комунална опрема
    • Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник
    • Драма во Скопје: Запалиле контејнер, пожарот се проширил на паркинг
    • СОС Детско село одбележа 25 години, Карпош доби признание за својот придонес
    • Малолетник преживеал хорор на Бит Пазар
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Масовно излезете во недела, да продолжи трендот на пад на поддршката на оваа владејачка гарнитура

    Филипче: Масовно излезете во недела, да продолжи трендот на пад на поддршката на оваа владејачка гарнитура

    31.10.2025 во 12:351 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес конференција повика на масовна излезност во недела, во вториот круг од локалните избори, со порака дека граѓаните треба да го продолжат трендот на опаѓање на поддршката за владејачката гарнитура.

    „Овие избори се шансата да се покаже дека народот не се купува, не се лаже и не може да се потцени. Сметам дека треба да продолжи трендот на пад на поддршката на оваа владејачка гарнитура. ВМРО-ДПМНЕ изгуби над 140.000 гласа за само една година, тоа е јасен сигнал дека опозициското расположение расте“, рече Филипче.

    Тој истакна дека власта не понудила решенија за проблемите на граѓаните и покажала „невиден степен на ароганција“.

    „Гласањето е нашиот најмоќен протест против неспособноста и најсилен отпор на апатијата. Во недела сигурен глас може и ќе направи разлика“, порача Филипче.

    Тој ги повика граѓаните да излезат масовно и да гласаат за кандидатите на СДСМ и коалицијата.

    „Гласајте за чесни и отчетни луѓе кои ќе работат исклучиво во интерес на граѓаните, за локална власт што ќе биде вистински сервис на народот.“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже кога дознал за наводниот скандал од 37 милиони евра

    07.10.2026 во 09:27

    Вевчани инвестира во инфраструктурата: Реконструкција на улици, бесплатно Wi-Fi и нова комунална опрема

    07.10.2026 во 09:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.