Close Menu
Press24
    Најново

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46

    Затвореник од Прилеп дал 890.000 денари за намалување на казната, па сфатил дека е измамен

    22.04.2026 во 13:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Енергетиката како стратешка алатка – Божиновска од Виена: Македонија се позиционира како регионален играч
    • Лефков: Техничката влада е дивоградба во правниот систем, власта мора да произлегува директно од волјата на граѓаните
    • Николоски: Австрија е наш силен поддржувач, соработката продолжува во насока на економскиот напредок
    • Министерот Хоџа во Виена ги презентираше еколошките приоритети пред австриската влада
    • Орце Ѓорѓиевски: Нека е аирлија булевар Борис Трајковски
    • Мицкоски од Виена: Отворен и конструктивен дијалог за унапредување на соработката, посебно во економијата
    • Димитровски за МИА од Делфи: ЕУ да направи конкретни чекори и да постави конкретни рокови за проширувањето со Западен Балкан
    • Падна Косовец на Блаце – во системот Интерпол го евидентирал по мерка „апси“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » 0800-54321 – бројот што го чува вашето гласачко право на 2. ноември

    0800-54321 – бројот што го чува вашето гласачко право на 2. ноември

    31.10.2025 во 11:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Канцеларијата на Народниот правобранител ќе обезбеди бесплатна телефонска линија 0800-54321 преку која граѓаните ќе можат да пријават евентуални повреди на избирачкото право на денот на вториот круг од Локалните избори – недела, 2 ноември, во периодот од 7:00 до 19:00 часот.

    Покрај главната канцеларија во Скопје, отворени за јавноста ќе бидат и подрачните канцеларии на Народниот правобранител во Битола, Кичево, Куманово, Штип, Струмица и Тетово, со цел навремена помош при остварување и заштита на избирачките права.

    Граѓаните, освен на бесплатната линија, можат да се обратат и директно во подрачните канцеларии на следните телефонски броеви:
    ? Тетово: 044 344-082
    ? Кичево: 045 228-586
    ? Битола: 047 242-310
    ? Куманово: 031 431-488
    ? Струмица: 034 329-996
    ? Штип: 032 389-700

    Од институцијата информираат дека Народниот правобранител ќе реагира со итни мерки, за да обезбеди ефективно постапување од страна на надлежните органи и институции задолжени за спроведување на изборниот процес.

    Во соопштението се потенцира дека избирачкото право е уставно загарантирано и се остварува на слободни избори со тајно гласање, како и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради користење на ова право.

    „Повредата на слободата на определувањето на избирачите и другите повреди на избирачкото право се казниви дела“, се наведува во апелот на Народниот правобранител, кој повика сите чинители во изборниот процес да ги почитуваат здравствените протоколи и процедурите за гласање.

    Популарно

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.