Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45

    Костовски: Создаваме нов простор за прошетка, рекреација и дружење

    17.08.2026 во 19:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Историско судење: Ако „Мета“ го загуби спорот, Instagram и Facebook би можеле засекогаш да се променат
    • Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун – „Тој ме разбира мене, јас го разбирам него“
    • Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари за ракети „Томахавк“
    • Започна исплатата на „Мој ДДВ“ – проверете ги сметките
    • Канада пред нов удар: САД воведуваат царини од 50 проценти во средa
    • Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување
    • Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров
    • Почнува судењето за убиството на Тупак
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Град Скопје: Арсовска денес го соочува вториот насилник

    Град Скопје: Арсовска денес го соочува вториот насилник

    31.10.2025 во 10:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денес градоначалничката Данела Арсовска го соочува вториот насилник кој на 11 јули 2025 година ја нападна вербално, а при обидот за физички напад беше спречен и задржан од полицијата, информираат од Град Скопје.

    Насилникот има долга листа на сторени сериозни кривични дела и одлежано повеќе години ефективна казна затвор за истите. Системот им дозволува да напаѓаат, да вршат насилство и да убиваат, поради што слободно се движат.

    На 11 јули градоначалничката Арсовска беше физички нападната во Општина Чаир, при увид на терен, на локација каде се гради дивоградба спроти Полициската станица Чаир.

    Со ова грубо насилство беа предизвикани телесна повреда и чувство на несигурност, загрозување и страв не само кај градоначалничката, туку и во јавноста, поради што, врз основа на оперативните наоди и безбедносната проценка спроведена од Агенцијата за национална безбедност, Министерството за внатрешни работи на 12 јули формално ѝ додели 24-часовна заштита. Ова формално признание ја нагласува реалната и непосредна опасност.

    Основниот кривичен суд Скопје на 2 септември 2025 година ја донесе и јавно ја објави пресудата со која обвинетиот Сулејман Љамалари е огласен за виновен за сторено кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, по што му е изречена казна затвор во траење од две години, затоа што на 11 јули 2025 година ја нападна физички и изврши грубо насилство врз градоначалничката Арсовска.

    Насилникот Љамалари не покажа каење за стореното и со својот однос континуирано ги исмејуваше судот и јавноста. Се очекува исходот од денешното судење, стои во соопштението на Град Скопје.

    Прочитај повеќе

    Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување

    17.08.2026 во 22:11

    Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров

    17.08.2026 во 22:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.