Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дрон удри во детски парк во Харков – меѓу загинатите се едногодишно бебе и нејзината мајка
    • Времето вечерва: УХМР ги објави температурите во 20 часот
    • Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и 10 се гарантира опстојот и безбедноста на Македонија
    • Откриена нелегална фабрика за цигари, 34 работници биле држени во заложништво во Словенија
    • Апсења во повеќе градови во Македонија
    • Следната недела доаѓа голем празник
    • Најавен полициски час во Франција
    • Кочани: Татко се заканувал на својот син – тинејџер
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Јакимовски да објасни како зеленилото во Жданец стана градежна парцела и од каде му е хациендата во Грција

    ВМРО-ДПМНЕ: Јакимовски да објасни како зеленилото во Жданец стана градежна парцела и од каде му е хациендата во Грција

    30.10.2025 во 10:241 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Стевчо Јакимовски, кој постојано зборува за јавниот интерес, треба конечно да објасни како парцели што според деталниот урбанистички план биле означени како зеленило, одеднаш станале градежни парцели. И како се купува хациенда во Грција, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Јакимовски одамна се обидува да го претстави своето владеење како пример за ‘транспарентност’, но во реалноста би можел да послужи како пример за тоа како личниот интерес може да се сокрие зад службен печат и јавна должност.

    Во рок од една година, членови на неговото семејство се појавуваат како сопственици на имоти во најскапата зона на општина Карпош, Жданец, токму во делот каде што живее и самиот Јакимовски.

    Сосема легитимно прашање е јавноста да знае како од парцели за зеленило станаа градежни парцели.

    Семејството на Стевчо  Јакимовски во истиот период од таа една година се стекнало и со луксузна вила во Грција.

    Доволно е од приказните за ‘искусен градоначалник’, искуството што го покажа е искуство претворање на јавен интерес во имотен лист.

    Карпошани не се должни да слугуваат во процесот на  енормно богатење на Стевчо Јакимовски“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и 10 се гарантира опстојот и безбедноста на Македонија

    19.10.2026 во 20:50

    Детали за новите правила за правосуден испит: Шасивари најави консултации со факултетите и студентите

    19.10.2026 во 16:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.