Close Menu
Press24
    Најново

    Ирански ракети и дронови ги нападнаа американските бази во Јордан, Кувајт и Бахреин – Техеран се закани со уште пожесток удар

    10.06.2026 во 11:23

    Пристигнуваат милиони од Брисел: Сали ги презентираше реформите – ЕУ ни одобри највисок износ на пари на Балканот

    10.06.2026 во 11:13

    Перински пред Комисијата за локална самоуправа: Развојот не смее да се концентрира само во еден регион

    10.06.2026 во 11:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ирански ракети и дронови ги нападнаа американските бази во Јордан, Кувајт и Бахреин – Техеран се закани со уште пожесток удар
    • Пристигнуваат милиони од Брисел: Сали ги презентираше реформите – ЕУ ни одобри највисок износ на пари на Балканот
    • Перински пред Комисијата за локална самоуправа: Развојот не смее да се концентрира само во еден регион
    • Муцунски: Западен Балкан мора да се интегрира во ЕУ за стабилност и развој
    • Јаневска со честитка до учениците: Вложувавме во подобри услови за настава и работа
    • Ова сите го прават на плажа, а казните во Грција можат да достигнат и до 300 евра
    • ВИДЕО: Вака беа откриени пурите во вредност од 4.000 евра – Царината со детали за заплената
    • Студен фронт и невреме се движат кон соседството, температурата паѓа за 15 степени: Еве кој ќе биде прв на удар
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Во недела нема да се гласа во четири општини: ДИК распишува нови избори поради недоволна излезност

    Во недела нема да се гласа во четири општини: ДИК распишува нови избори поради недоволна излезност

    30.10.2025 во 10:03Updated:30.10.2025 во 10:081 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Жителите на Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше нема да гласаат за градоначалник в недела, бидејќи во овие општини во првиот круг од Локалните избори 2025 не беше исполнет законскиот цензус.

    Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека за овие четири општини ќе мора да се спроведе нова изборна постапка. Причината е што излезноста во првиот круг не достигна најмалку 33,33 проценти од запишаните гласачи.

    Колку гласале:

    • Центар Жупа: Најслаба излезност со само 21,49 проценти.
    • Врапчиште: Излезени 25,18 проценти.
    • Маврово и Ростуше: Излезност од 30,31 проценти.
    • Гостивар: Недостигаа само 0,02 проценти, со постигната излезност од 33,31 проценти.

    Согласно Изборниот законик, доколку овој праг не се достигне, мора да се повтори целата изборна постапка. Новите избори ќе се одржат најдоцна 60 дена по објавувањето на конечните резултати од Локалните избори 2025, а при повтореното гласање нема да се бара условот за излезност од една третина.

    Инаку, вториот изборен круг за останатите општини се одржува в недела, кога ќе се избираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје. Во првиот круг, градоначалници беа избрани во 44 општини.

    Прочитај повеќе

    Перински пред Комисијата за локална самоуправа: Развојот не смее да се концентрира само во еден регион

    10.06.2026 во 11:10

    Муцунски: Западен Балкан мора да се интегрира во ЕУ за стабилност и развој

    10.06.2026 во 11:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.