Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дрон удри во детски парк во Харков – меѓу загинатите се едногодишно бебе и нејзината мајка
    • Времето вечерва: УХМР ги објави температурите во 20 часот
    • Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и 10 се гарантира опстојот и безбедноста на Македонија
    • Откриена нелегална фабрика за цигари, 34 работници биле држени во заложништво во Словенија
    • Апсења во повеќе градови во Македонија
    • Следната недела доаѓа голем празник
    • Најавен полициски час во Франција
    • Кочани: Татко се заканувал на својот син – тинејџер
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Трошоците за живот растат без контрола а владата не презема ништо

    Филипче: Трошоците за живот растат без контрола а владата не презема ништо

    29.10.2025 во 22:442 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Нема дел од државата во којшто не поминавме во оваа кампања и нема ниту една категорија на граѓани кои се задоволни од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, истакна претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на вечерашниот граѓански собир во Конче.

    Филипче посочи дека за година и пол владата на ВМРО-ДПМНЕ не ги зголеми платите , ниту пак  им помогна на граѓаните во услови кога цените на храната растат од месец во месец.


    „Работниците немаат зголемување на платите. Трошоците за храна, трошоците за живот растат без контрола. А владата не прави ништо да ги исконтролира, иако има механизми за тоа. Единствената причина зашто оваа влада не го прави тоа е поради тоа што не се грижи вистински така како што треба ниту за државата, ниту за граѓаните“, рече Филипче.


    Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ не исполни ниту едно ветување, работниците, пензионерите, младите, земјоделците – сите се излажани од власта.


    „Пензионерите се прелажани, им ветуваа лани поголеми пензии. Ги предупредувавме дека линеарното зголемување на пензиите не е добро за системот, дека не е одржливо. И што се случи со сегашното зголемување, наместо потребните и тоа што следуваше 2.000 денари, пензионерите добија само 1.000. И дополнително на тоа ја загрозија, стабилност на пензискиот фонд. Земјоделците се целосно излажани. Сточарите со помала субвенција за грло добиток. Тутунарите без соодветно зголемување по класи на тутунарите. Лозарите без никакво зголемување, субвенција по килограм грозје. Секоја наша предложена мерка ја одбија. Предложивме 3 денари дополнително за килограм грозје, го одбија“, рече Филипче.


    Во обраќањето, Филипче потсети дека СДСМ и во најголемите кризи, ковид кризата и енергетската криза, беше заштитен и помогнат секој граѓанин, а беа поддржани и компаниите.


    „Ниту еден граѓанин не оставивме по страна. Не дозволивме да пропадне ниту една компанија. Над 2 милијарди евра отидоа како директна помош за граѓаните. 80 илјади работни места се зачуваа, 20.000 компании се зачуваа, над 600 илјади семејства имаа помош за сметките за струја. И ако оваа можело да се направи за време на такви едни кризи, нема ниту една причина сега да не се направи, кога нема никаква криза“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

    Прочитај повеќе

    Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и 10 се гарантира опстојот и безбедноста на Македонија

    19.10.2026 во 20:50

    Детали за новите правила за правосуден испит: Шасивари најави консултации со факултетите и студентите

    19.10.2026 во 16:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.