Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Шпекулациите за поскапа струја ќе паднат на 1 јануари

    29.10.2026 во 16:19

    МВР: Уапсени поранешни и сегашни функционери од ФЗО за милионски малверзации – 11 лица кривично ќе се гонат

    29.10.2026 во 16:11

    А1 Македонија партнер на 26. Скопје филм фестивал

    29.10.2026 во 16:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Шпекулациите за поскапа струја ќе паднат на 1 јануари
    • МВР: Уапсени поранешни и сегашни функционери од ФЗО за милионски малверзации – 11 лица кривично ќе се гонат
    • А1 Македонија партнер на 26. Скопје филм фестивал
    • Вучиќ е подготвен за дијалог, но и за соработка со „Студентската листа” – најави и ново раководство на СНС
    • Мицкоски: Предложивме студентскиот оброк да се зголеми на 4.500 денари месечно, да се воведе дигитална услуга преку М-услуги
    • Малолетник нападнал вработена во средно училиште во Карпош
    • Државата преговара за поевтин гас, в понеделник ќе се знае дали горивата ќе поскапат
    • Најмалку една година за неопходните законски измени за МВР да ги прифаќа дигиталните лични карти и возачки дозволи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Додик до Трамп: Фала ти што ја исправи неправдата кон мене

    Додик до Трамп: Фала ти што ја исправи неправдата кон мене

    29.10.2025 во 19:372 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, се огласи по одлуката на Соединетите Американски Држави да ги укинат санкциите против него, истакнувајќи благодарност до американскиот претседател Доналд Трамп за, како што вели, „исправката на големата неправда“.

    Додик ја оцени одлуката како „морална рехабилитација на вистината за Република Српска“, нагласувајќи дека со тоа се поништуваат последиците од политиките на поранешните американски администрации.

    Во објава на социјалните мрежи, тој напиша дека ѝ е благодарен на администрацијата на Трамп и неговите соработници за „исправката на големата неправда нанесена врз Република Српска, нејзините претставници и нивните семејства“, додавајќи дека таа неправда ја создале „администрациите на Обама и Бајден“.

    „Одлуката за укинување на санкциите не е само правна, туку и морална рехабилитација на вистината за Република Српска и сите оние кои чесно ѝ служат. Уште еднаш се покажа дека сè што беше кажано против нас беше лага и пропаганда, врз која беше изграден големиот хаос што го создаде Кристијан Шмит – хаос што сега мора да се исчисти“, изјави Додик.

    Тој додаде дека може да им прости сè на оние што, како што рече, „се фалеле и верувале во туѓите лаги во изминатите години, освен годините што ги изгубиле затоа што верувале дека Република Српска ќе падне“.

    „Денес е јасно – таа никогаш нема да падне“, порача Додик.

    Прочитај повеќе

    Вучиќ е подготвен за дијалог, но и за соработка со „Студентската листа” – најави и ново раководство на СНС

    29.10.2026 во 15:26

    Надежите за преговори меѓу САД и Иран направија пресврт: Цената на нафтата тргна надолу

    29.10.2026 во 10:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.