Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нови детали за трагедијата во Турција: Две лица загинаа, три се уште се под урнатините

    Нови детали за трагедијата во Турција: Две лица загинаа, три се уште се под урнатините

    29.10.2025 во 15:561 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Две лица се мртви, а најмалку 3 се уште се под урнатините на станбената зграда што се урна рано изутринава во турскиот град Гебзе. Сите петмина се од исто семејство, информираа локалните власти.

    Додека државната агенција Анадолија соопшти дека причината за уривањето не е позната, градоначалникот на Гебзе, Зинур Бујукгоз, пред новинарите изјави дека тоа би можело да биде поврзано со работите на блиското градилиште на метрото, пренесе Бета.

    Гебзе, со околу половина милион жители, се наоѓа на геолошки расед каде во 1999 година се случи земјотрес со јачина од 7,6 степени, во кој загинаа 18.000 луѓе.

    Експертите долго време предупредуваат дека неспроведувањето на градежните прописи претставува ризик во областите на Турција каде што земјотресите се чести.

    По загинувањето на две лица поради уривање на четирикатница во градот Коња во јануари, им се суди на сопствениците на продавниците во приземјето на таа зграда, осомничени дека ги урнале носечките столбови за да ги прошират своите дуќани. Ним им се заканува казна до 22 години затвор.

    Прочитај повеќе

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата

    28.10.2026 во 22:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.