Close Menu
    Најново

    Облечете се топло: Не очекува студено утро

    29.10.2025 во 23:41

    „Диди“ осуден на 50 месеци затвор, ќе биде ослободен во мај 2028 година

    29.10.2025 во 23:23

    „Го изневерив сопругот ноќта пред свадбата“: Деми Мур го шокираше светот со сочна интимна тајна

    29.10.2025 во 23:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Облечете се топло: Не очекува студено утро
    • „Диди“ осуден на 50 месеци затвор, ќе биде ослободен во мај 2028 година
    • „Го изневерив сопругот ноќта пред свадбата“: Деми Мур го шокираше светот со сочна интимна тајна
    • Филипче: Трошоците за живот растат без контрола а владата не презема ништо
    • Унгарија ја поздрави одлуката на САД за укинување санкции врз Милорад Додик
    • Историска промена во Франција: Силување е секој сексуален чин без изречна согласност
    • Тоневски: Во наредниот период ќе се санира јаловишната депонија во Пробиштип
    • Филипче: ВМРО-ДПМНЕ сака да ја врати Македонија во времето на страв и уцени, но граѓаните нема да потклекнат
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Костадиновски и Павловска – Данева на VI-от Конгрес на Светската Конференција за уставна правда во Мадрид – Унапредување на соработката со Азербејџан, Египет и Австрија

    Костадиновски и Павловска – Данева на VI-от Конгрес на Светската Конференција за уставна правда во Мадрид – Унапредување на соработката со Азербејџан, Египет и Австрија

    29.10.2025 во 15:34
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    На вториот ден од учеството на VI-от Конгрес на Светската Конференција за уставна правда, претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски и судијата проф.д-р Ана Павловска – Данева учествуваа на отворањето на Конгресот на кој се обратија следниве учесници:
    – Н.Е. г.Кун Ленартс, претседател на Судот на правдата на Европската унија (видео)
    – Н.Е. г.Сако Модибо, претседател на Африканскиот суд за човекови и народни права (видео)
    – Н.Е. г-ѓа Ненси Ернандес Лопез, претседател на Меѓуамериканскиот суд за човекови права (видео)
    – Н.Е. г.Феликс Болјањос Гарсија, министер за претседателство, правда и парламентарни односи
    – Н.Е. г.Џани Букикио, посебен претставник, почесен претседател на Венецијанската комисија при Советот на Европа.
    – Н.Е. г.Кандидо Конде-Пумпидо Турон, претседател на Уставниот суд на Шпанија.

    На вчерашниот состанок на Конференцијата на европските уставни судови, едногласно беа изгласени следниве одлуки: да се утврдат јасни критериуми за апликациите за нови регионални, субрегионални и лингвистички групи за нивен статус како набљудувач пред да се гласа за истите на пленарниот состанок; да се утврдат критериуми за предлогот за замрзнување на членство, за изземање на Украина од контрибуција за членство за 2025 година, темите за следната европска конференција, како и ставови во однос на предложените измени на статутот што се однесуваат на нивото на Светската конференција.

    Учеството на овој конгрес, се искористи и за средби со претседателот на Уставниот суд на Азербејџан, г.Фархад Абдулајев, со претседателот на австрискиот Уставен суд, г. Кристоф Грабенвартер и претседателот на Уставниот суд на Египет, г. Булос Фахми Искандар.

    На средбата со претседателот на Уставниот суд на Азербејџан, г. Фархад Абдулајев, беше договорено да се унапреди билатералната соработка меѓу двата суда. Претседателот на Судот, д-р Дарко Костадиновски се заблагодари за поканата за учество на одбележувањето на 30-годишнината од Уставот на Република Азербејџан и меѓународната конференција по тој повод, што ќе се оддржи на 12 ноември 2025 година во Баку, на која ќе учествува судијата д-р Ана Павловска – Данева. На средбата беше договорено во Баку да се допрецизираат динамиката и деталите за натамошно унапредување на билатералната соработка меѓу двата суда.

    На маргините на Светскиот конгрес, претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски и судијата д-р Ана Павловска – Данева остварија средба со претседателот на Врховниот суд на Египет, г. Булос Фахми Искандар. На средбата, претседателот Костадиновски го прифати предлогот од неговиот египетски колега со цел  интензивирање на соработката меѓу двата суда во поглед на размена на знаења и искуства за теми од уставната правда, за координирање на ставови на меѓународен план и обука на судии и советници и беше договорено во најскоро време да се потпише Меморандум за соработка меѓу двата суда. Заемно беше констатирано дека двете земји негуваат пријателски односи и во тој дух е неопходно да се унапреди соработката и меѓу двата уставни суда.

    Претседателот Костадиновски и судијата д-р Ана Павловска – Данева одржаа средба со претседателот на австрискиот Уставен суд г. Кристоф Грабенвартер и го запознаа соговорникот за клучните предизвици со кои се соочува Судот во извршувањето на неговите уставни надлежности и ја нагласија целосната подготвеност за безкомпромисност и подготвеност да одолеат и да се спротивстават на било какви обиди за влијанија и притисок, без разлика од каде и од кого  доаѓа. Почитувањето на уставните вредности и норми, владеењето на правото и унапредувањето на уставната и правната култура се приоритет за Уставниот суд, истакна претседателот Костадиновски. Претседателот на Уставниот суд на Австрија, Кристоф Грабенвартнер изрази целосна поддршка и помош во соочувањето со предизвиците со охрабрување Судот да продолжи со поставените приоритети. Во таа насока беше договорено двата суда во наредниот период заемно да работат на инструменти и механизми за интензивирање на соработката, особено во делот на унапредување на професионалните знаења и вештини на стручната служба. Во тој ист контекст беше прифатена поканата од претседателот Костадиновски за билатерална посета на претседателот на Уставниот суд на Австрија на Република Северна Македонија и негово учество на самитот на Балканскиот форум следната година во октомври или ноември.

    Популарно

    Неготино: Родителите се јавиле во полиција – синот тинејџер се напил, па се расправал

    29.10.2025 во 11:58

    „Го изневерив сопругот ноќта пред свадбата“: Деми Мур го шокираше светот со сочна интимна тајна

    29.10.2025 во 23:05

    Половина од светот остана без интернет

    29.10.2025 во 18:36

    Филипче: Трошоците за живот растат без контрола а владата не презема ништо

    29.10.2025 во 22:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.