Close Menu
    Најново

    ДИК: До 16 часот гласале повеќе од половина од пријавените болни и немоќни лица

    01.11.2025 во 18:11

    Мајка на жртва од Нови Сад почнува штрајк со глад: „Морам да знам кој го уби моето дете“

    01.11.2025 во 15:51

    Кондарко: Нема пријави за проблеми од денешниот гласачки ден

    01.11.2025 во 15:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • ДИК: До 16 часот гласале повеќе од половина од пријавените болни и немоќни лица
    • Мајка на жртва од Нови Сад почнува штрајк со глад: „Морам да знам кој го уби моето дете“
    • Кондарко: Нема пријави за проблеми од денешниот гласачки ден
    • Притисок од американски конгресмени врз поранешниот принц Ендру да ги открие своите врски со Епштајн
    • Критска вендета со најмалку двајца убиени и над десет повредени
    • Арсенал оружје и плантажа од 488 стебла канабис откриени во Охридско
    • Тинејџер од гостиварско заврши во болница, се затрул со алкохол во кафеана
    • Три девојчиња претепале 15-годишна врсничка во Аеродром, едната користела тврд предмет
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » ВИДЕО: Без лисици директорот на Комунална одведен на суд

    ВИДЕО: Без лисици директорот на Комунална одведен на суд

    28.10.2025 во 13:29
    ВИДЕО: СИТЕЛ ТВ
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против в.д. директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, како и против управителот за отпад за загрозување на животната средина со отпадот во Скопје.

    Поради опасност од влијание врз сведоци и можност за повторување на делото, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

    Против осомничените, како што информира Обвинителство, е отворена истражна постапка поради сомненија за сторено кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од Кривичниот законик. За ова дело запретената казна е затвор од една до 10 години. 

    -Осомничените, од кои едниот в.д. директор, а другиот управител за отпад во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, заедно постапиле спротивно на Законот за управување со отпад и на својата основна дејност за редовно собирање и транспортирање безопасен отпад на подрачјето на Град Скопје, како и на обврските предвидени во Оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад и на Оперативниот план за одржување на јавната чистота во Градот. Со пропуштање на целосниот надзор над собирањето и транспортирањето на комунален отпад, како и со непрописно управување со отпадот тие овозможиле во текот на месецов да се создадат мали депонии на јавни и сообраќајни површини, во близина на предвидените садови за собирање комунален отпад, со што предизвикале значително оштетување на квалитетот на почвата, воздухот и водата и го довеле во опасност животот и здравјето на луѓето од предизвикување заразни или други болести, се наведува во соопштението од Обвинителство.

    Ваквите сомненија се утврдени и констатирани со вонредните инспекциски надзори од овластените локални инспектори за животна средина кои излегоа на терен по насоки на Јавното обвинителство, како и со експертско мислење за влијанието на отпадот врз јавното здравје и можноста за ширење заразни заболувања од ЈЗУ Институт за јавно здравје.

    Јавното обвинителство вчера соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, во врска со сомненија за кривично дело од член 230 од Кривичниот законик. Меѓу приведените е директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Сабахадин Рустеми.

    Популарно

    Фатени во шема: Службеници во Матично и МВР преку лажен упис на брак овозможиле жена да добие двоен идентитет и втор пасош

    01.11.2025 во 13:52

    Скандал во Кавадарци: Директорка уценувала наставничка откако нејзина колешка ја „хакирала“ и приватните разговори ѝ ги предала на директорката  

    01.11.2025 во 13:43

    Пензионер преку видео навредувал цело неготинско село – пријавиле 107 жители, ќе одговара кривично

    01.11.2025 во 12:56

    Маж нападнал брат и сестра тинејџери во Центар

    01.11.2025 во 14:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.