На 2 ноември масовно да излеземе и да го заокружиме бројот 9, за развој, просперитет и напредок на локалните самоуправи, како и подобрување на условите за живот во секоја една општина, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Изминатите 4 години, градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ покажаа и докажаа дека може да се работи чесно и транспарентно, а во повеќето општини бевме сведоци дека се реализираше повеќе и од ветеното, истакна Манасиевски.
Манасиевски посочи дека 16 месеци Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа дека општините веќе не се сами, туку дека имаат партнер во неа. Соработката помеѓу локалната и централната власт овој период е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ не ги дели општините на наши и ваши, туку на заеднички бидејќи пред сè, работиме во интерес на граѓаните.
„Преку поддршката која Владата им ја овозможува на локалните единици се решаваат голем број на децениски проблеми, се реализираат многу капитални проекти, а Владата и понатаму ќе продолжи да ги поддржува општините во иднина.
За да продолжиме континуирано да работиме на модернизирање и унапредување на секоја една општина, потребна ни е вашата поддршка во недела, на 2 ноември.
Ги повикуваме граѓаните на Аеродром, Брвеница, Валандово, Виница, Дебрца и Демир Капија, Дојран, Долнени, Зрновци, Карпош, Кичево, Конче, Кочани и Крушево, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Чешиново Облешево, Чучер Сандево, Шуто Оризари и Градот Скопје, да го направат вистинскиот избор и да го заокружат бројот 9! За твојот човек, за твоето место, за твојата иднина!“, потенцираше Николоски.
- Владата набавува 100 нови амбулантни возила: Мицкоски утре на промоција кај СЦ „Борис Трајковски“
- Метео аларм: Искористете го утрешното сонце – доаѓа пресврт
- „Мојот малолетен син е нападнат со тврд предмет“ – Вознемирена мајка се јавила во полиција
- Тешка кражба во дебарската болница: вработена им дала клуч на крадци за да украдат пиштол од канцеларија
- Ужас ја потресе Македонија: Мајка ја претепала ќеркичата, а 10-месечното бебе го оставала само без грижа
- Вистински малер: Македонец ставил таблици од друго возило па направил сообраќајка
- Детали за новите правила за правосуден испит: Шасивари најави консултации со факултетите и студентите
- Казни и откази за административците ако добијат лоша оценка – промени во администрацијата

