Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Групацијата BALFIN го носи Flying Tiger Copenhagen во East Gate Mall – Скандинавската креативност пристигнува во Скопје

    Групацијата BALFIN го носи Flying Tiger Copenhagen во East Gate Mall – Скандинавската креативност пристигнува во Скопје

    27.10.2025 во 15:563 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Групацијата BALFIN продолжува со своето проширување во малопродажниот сектор, додавајќи уште еден светски познат бренд во регионот. Овојпат, групацијата го претставува данскиот бренд Flying Tiger Copenhagen, отворајќи ја својата прва продавница на Западен Балкан во East Gate Mall во Скопје. Со ова отворање, на македонските потрошувачи им се нуди свет исполнет со бои, дизајн, креативност и скандинавска едноставност – искуство кое внесува свежина и радост во локалниот малопродажен пазар.

    Отворањето на Flying Tiger Copenhagen во Скопје е дел од стратешкото партнерство помеѓу Групацијата BALFIN и Flying Tiger Copenhagen, со цел да се прошири брендот низ целиот Западен Балкан. Планот предвидува отворање на повеќе од 50 нови продавници во следните четири години во Северна Македонија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија, со што ќе се создадат околу 400 нови работни места во регионот.

    Главниот извршен директор на Flying Tiger Copenhagen, Мартин Јермин, ја истакна важноста на партнерството со BALFIN, опишувајќи ја групацијата како клучен регионален партнер:

    „Пресреќни сме што ја прославуваме нашата прва продавница во Северна Македонија. По успехот што го постигнавме во Централна и Јужна Европа – од Полска до Грција – ова ново поглавје во Скопје претставува возбудлив момент за брендот. Енергијата и креативноста на земјата совршено се совпаѓаат со нашите вредности, и горди сме што овој пат го поминуваме заедно со BALFIN – силен и сигурен партнер.“

    Стивен Грунеруд, Потпретседател за развој на стратегијата во BALFIN Group, го истакна единствениот шарм на брендот:

    „Она што го прави Flying Tiger посебен е тоа што производите постојано се менуваат и надополнуваат. Не го посетуваш продавницата само еднаш – постојано се враќаш, бидејќи секогаш има нешто ново што ќе те изненади.“

    Свеченото отворање собра гости од Данска, претставници на BALFIN Group, медиуми и локални инфлуенсери. Посетителите уживаа во разиграната атмосфера на брендот, низ креативни производи, весели детали и мали изненадувања кои го одбележаа овој посебен момент. Со својот скандинавски шарм и филозофијата „Побогат живот не чини богатство“, Flying Tiger Copenhagen официјално ги отвори вратите за македонските потрошувачи, поканувајќи ги да откријат нов начин да уживаат во секојдневието.

    Flying Tiger Copenhagen планира да отвори осум продавници низ Западен Балкан до крајот на 2025 година, со амбициозна визија за 50 продавници во следните пет години.

    За Flying Tiger Copenhagen

    Основан во 1995 година, Flying Tiger Copenhagen денес управува со повеќе од 1.000 продавници во 41 земја ширум светот. Брендот е препознатлив по своите скандинавски корени, шарен дизајн и мисија да донесе повеќе радост во секојдневниот живот – комбинирајќи креативност, функционалност, пристапни цени и силна посветеност кон одржливоста.

    Прочитај повеќе

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж

    28.10.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.