Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45

    Костовски: Создаваме нов простор за прошетка, рекреација и дружење

    17.08.2026 во 19:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Уште една скопска улица без вода – Водовод со известување
    • „Сакам….“ Ведрана собра 17.000 евра откако дозна за тешка дијагноза: Вака сакаше да умре
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС создава паника и дезинформации наместо да води одговорна политика
    • ДУИ: Повторно се гради дивоградбата на „Ќемал Сејфула“, Општина Чаир и Обвинителството да реагираат
    • Нови фабрики и инвестиции: Во Македонија се отвораат илјадници работни места
    • Трагедија на романскиот брег: Двајца браќа се удавија пред очите на својата сестра
    • СДСМ: Во Скопје долго се чека за прскање против комарци
    • Го фатиле со дрога – Апсење во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лабудовиќ: Целосно ќе ја реконструираме улица „Педесетта дивизија“

    Лабудовиќ: Целосно ќе ја реконструираме улица „Педесетта дивизија“

    26.10.2025 во 13:412 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Улицата „Педесетта Дивизија“ со години претставува симбол на запоставеност – со оштетен коловоз, тесни тротоари, небезбедни пешачки патеки и сериозен недостиг од паркинг-места. Таквата состојба не ѝ доликува на една од најважните сообраќајници во срцето на Скопје, ниту на граѓаните кои секојдневно се движат по неа. Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ, најави дека ова ќе биде еден од првите капитални проекти што ќе го реализира веднаш по преземањето на функцијата, стои во соопштението на ЗНАМ.

    „Се обврзувам дека улицата ‘Педесетта Дивизија’ ќе биде целосно реконструирана. Ќе изградиме нов коловоз, широки и уредени тротоари, велосипедски и пешачки зони, зелен појас и ќе воспоставиме ред во паркирањето. Ќе воведеме резидентни паркинг-места за жителите конечно да имаат приоритет пред сите други,“ истакна Лабудовиќ.

    Проектот опфаќа и воведување на „Зона 30“ – со ограничување на брзината на движење, поставување ново енергетски ефикасно улично осветлување, подобрен систем за одводнување и дополнителни мерки за безбедност на пешаците.

    Како што вели Лабудовиќ, целта е улицата да стане пример за ред, безбедност и зелен урбанизам – простор каде граѓаните ќе се чувствуваат пријатно и безбедно, а не само место за автомобили.

    „Ова не е само реконструкција на една улица – ова е почеток на нова енергија во Центар. Почеток на еден поинаков пристап – со конкретни решенија, реални рокови и отчетност кон секој жител. Центар ќе покаже дека кога има визија, план и чесна намера – резултатите се видливи и се чувствуваат брзо,“ порача Лабудовиќ.

    Со реконструкцијата на улицата „Педесетта Дивизија“ ќе започне ново поглавје во управувањето со Општина Центар – пристап заснован на дела, ефикасност и вистинска грижа за граѓаните.

    Проектот ќе биде реализиран според најсовремени стандарди, а жителите ќе бидат активно вклучени во процесот на планирање, со цел решенијата да бидат практични и усогласени со нивните секојдневни потреби.

    Истовремено, со реконструкцијата на „Педесетта Дивизија“, ќе започне и обнова на улиците „Мирослав Крлежа“ и „9 Мај“, каде што исто така е потребна темелна санација на коловозните ленти, тротоарите и, каде што дозволува просторот, воспоставување безбедни пешачки и велосипедски патеки.

    Со тоа, трајно ќе се подобри фреквентноста и безбедноста во сообраќајот и ќе се создаде поуреден, функционален и модерен Центар.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: СДС создава паника и дезинформации наместо да води одговорна политика

    18.08.2026 во 10:07

    ДУИ: Повторно се гради дивоградбата на „Ќемал Сејфула“, Општина Чаир и Обвинителството да реагираат

    18.08.2026 во 10:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.