Close Menu
Press24
    Најново

    Утре делови од Тетово ќе бидат без струја

    04.05.2026 во 21:01

    Ердоган: ЕУ има поголема потреба од Турција отколку Анкара од Унијата

    04.05.2026 во 20:54

    Сиљановска-Давкова на панел со Макрон и Мелони: Европската интеграција на Западен Балкан е предуслов за ефикасна борба против трговијата со дрога

    04.05.2026 во 20:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Утре делови од Тетово ќе бидат без струја
    • Ердоган: ЕУ има поголема потреба од Турција отколку Анкара од Унијата
    • Сиљановска-Давкова на панел со Макрон и Мелони: Европската интеграција на Западен Балкан е предуслов за ефикасна борба против трговијата со дрога
    • Ковачки: Гоце Делчев е вечен симбол на слобода, правда и чесност, единството меѓу народот
    • Кај осуденик најдена дрога
    • Сајкоски: Кога говориме за Гоце Делчев, ние зборуваме за државноста и она што во иднина следи
    • Сиљановска-Давкова на Самитот во Ереван: Енергетската и инфраструктурната поврзаност се клуч за стабилна и безбедна Европа
    • Тажна вест: Почина Цирко
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Орце Ѓорѓиевски: Јас кога ќе влезам во град Скопје ќе ги обелоденам сите непродуктивните трошоци

    Орце Ѓорѓиевски: Јас кога ќе влезам во град Скопје ќе ги обелоденам сите непродуктивните трошоци

    25.10.2025 во 14:292 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во емисијата „Стадион“ на Канал 77 денеска гостуваше кандидатот за градоначалник за Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски кој на самиот почеток истакна дека градот Скопје за 72 часа ќе биде исчистен колку и тоа да звучи и изгледа неостварливо.

    „Јас одговорно тврдам и стојам зад тоа дека за 72 часа ќе го исчистам градот, колку и тоа да не изгледа остварливо за поединци или да не сакаат да им изгледа тоа остварливо“, рече Ѓорѓиевски и додаде:

    „Од надмудрувања граѓаните во 21 век немаат основни хумани услови за живот, тоа нема да го дозволам јас во мојот мандат. Во Кисела Вода можете да ги прошетате сите населби, последната инвестиција ни е водоводна мрежа во населено место Стаклара каде претходно направив канализација, секаде каде недостасуваше подземна инфраструктура ја решив, нема населено место без вода за пиење и без подземна инсталација. Што подразбира тоа, 30 години требало да поминат за да дојдам јас и да го завршам тој процес“.

    Ѓорѓиевски истакна дека во план е набавка на 50 камиони за чистење отпад, 30 машини за перење на улиците како и 1.000 луѓе коишто ќе бидат приклучени во самиот процес на чистење.

    „Јас кога ќе влезам во градот Скопје ќе видите какви непродуктивни трошоци имало изминатите четири години, за првите 72 часа она што граѓаните треба да го очекуваат е да има околу 50 камиони за чистење на отпад, триесетина машини за перење на улиците и околу 1.000 луѓе коишто ќе бидат приклучени во процесот. Многу ми е едноставно во оваа кампања аргументирано да говорам затоа што имам нешто сработено позади себе, а тоа нешто е многу сериозен успех за се што сме постигнале четири години во Кисела Вода, еден од тие успеси е транспарентноста“, дециден е Ѓорѓиевски.

    Прочитај повеќе

    Ковачки: Гоце Делчев е вечен симбол на слобода, правда и чесност, единството меѓу народот

    04.05.2026 во 20:16

    Сајкоски: Кога говориме за Гоце Делчев, ние зборуваме за државноста и она што во иднина следи

    04.05.2026 во 19:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.