Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ФОТО) Ѓорѓиевски: Зоолошката градина во Скопје се модернизира
    • ДИК со официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2.945 гласа, втор Јахиј од НАИ со 2.152 гласа, течат роковите за приговори
    • Започна реконструкција на водоводната мрежа на улица „Димитар Тодоровски“ во Битола
    • Лафчиски: Технологијата ја движи револуцијата во војувањето, но адаптацијата ја носи победата
    • Макрон: Ако е неопходно, ќе ги забранам протестите
    • Мицевска: Горан Бетон Герасимовски, каде е зеленилото во Центар?
    • Деца по полноќ си седеле во кафуле: Полицајците ги собраа и им ги предадоа на родителите
    • Илон Маск нe штеди: Секое дете во Америка ќе добие акција од SpaceX
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лабудовиќ: Гласачите на Билјана Ивановска ќе ме поддржат на 2. ноември

    Лабудовиќ: Гласачите на Билјана Ивановска ќе ме поддржат на 2. ноември

    25.10.2025 во 14:102 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кандидатот за градоначалник на Центар Мирослав Лабудовиќ е убеден дека мнозинството од граѓаните на Центар ќе му ја дадат довербата на 2 ноември да ја води општината во следниот четиригодишен мандат.

    Центарци сакаат промена, центарци не сакаат сликата што ја гледаат сега да им се повторува и во следните години.

    „Затоа верувам дека мнозинството од 68 отсто гласачи кои во првиот круг беа за промени, а не за задржување на постојното статус-кво, ќе излезат повторно и ќе ми дадат поддршка“, убеден е Лабудовиќ. Основа за ваквата убеденост, тој гледа во фактот што неговата програма и визија за општина Центар се совпаѓа речиси целосно со визијата и залагањата на независната кандидатка Билјана Ивановска, која не успеа да се пласира во вториот круг, но освои сериозна гласачка поддршка од жителите на Центар.

    „Со Билјана Ивановска практично имаме ист концепт и визија за Центар. Тоа го тврдам со целосна одговорност. Како показател ќе наведам дека на неколку предизборни дебати за најголемиот дел од прашањата и проблемите се надополнувавме со нашите ставови. Уште повеќе, по влегувањето во Општината, ќе бидат заедно советниците од сите партии и независни листи. Сите имаме заеднички делови од нашите програми, од што можеме да направиме еден сублимат, а тоа ќе бидат практично првите проекти што ќе се реализираат од новата општинска управа. Бидејќи, само сложна општина, надвор од партиските интереси и делби може да дојде до визијата која ја имам за Центар. А, таа не онаа што денес ја гледаме и тоа што ни се случува“, потенцираше Лабудовиќ во во емисијата “Топ Тема“ на ТВ Телма, која наместо дебатна се претвори во интервју, затоа што актуелниот градоначалник Горан Герасимовски повторно го одбегна дуелот со Лабудовиќ.

    Паралелно, Лабудовиќ со поддршка од коалициските партнери од ВМРО-ДПМНЕ ги продолжува интензивните средби со жителите од повеќе населби во Центар. На кои тој ги запознава непосредно со неговата програма и приоритетните проекти што планира да ги направи по неговиот избор за градоначалник на централната скопска општина.

    Прочитај повеќе

    (ВИДЕО) Спасовски: СДСМ нема да го поддржи Законот за административни службеници – отвора простор за политички притисок

    19.10.2026 во 13:45

    СДСМ: Не сме задоволни со резултатот во Брвеница – задоволни сме што паѓа ВМРО

    19.10.2026 во 12:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.