Close Menu
Press24
    Најново

    ФОТО: ДУИ обвинува за полициска бруталност

    09.10.2026 во 11:15

    Полицаец Албанец ги тепал двете момчиња – МВР ќе бара одговорност и најстроги санкции

    10.10.2026 во 12:52

    Пред нас продолжен викенд, а потоа уште еден – На овие датуми ќе одмориме

    09.10.2026 во 08:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трамп ја назначи Кејти Закарија за нова портпаролка на Белата куќа
    • Венецуела даде зелено светло за „Старлинк“ на Илон Маск
    • Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец
    • Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска
    • Штипјанец со метална шипка нападнал сограѓанин
    • Баба од Аеродром пријавила дека синот ја тепал
    • Необичен улов на царински службеници: Косовец се обидел да изнесе заштитени видови змии преку „Богородица“
    • Со тврд предмет ја тепал партнерката – полицијата мораше да приведе кавадарчанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВЛЕН: Ахмети со својот речник стави катанец на Националната алијанса за интеграција

    ВЛЕН: Ахмети со својот речник стави катанец на Националната алијанса за интеграција

    25.10.2025 во 11:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Од Коалицијата Влен велат дека шокирани, но не и изненадени, го слушале лидерот на ДУИ, Али Ахмети како „повторно избувнува со банален, навредлив и недостоен јазик за човек кој некогаш тврдеше дека ги претставува Албанците

    „Од „загарите“ до „газиместан“, овој срамен јазик е најјасен доказ за губењето на контролата, паниката и политичкиот крај на човек кој 20 години го третираше својот народ како приватна сопственост. Ахмети денес повеќе не зборува како политички лидер, туку како некој што се дави во сопствениот јазик на омраза. Кога човек кој водеше две децении го нарекува својот народ „Газиместан“ и го навредува со „700 илјади мајки“, тогаш секој Албанец разбира дека овој човек повеќе не претставува никого, освен себеси и неговиот привилегиран круг.

    Албанците од Северна Македонија, и оние што гласаа за ВЛЕН и оние што гласаа за НАИ, не се „Газиместан“, туку се горда нација, која минатата недела, на 19 октомври, демонстрираше висока демократска зрелост и зборуваше со решителност за промени.

    Го почитуваме секој глас и секој граѓанин што учествуваше во овој историски процес, бидејќи на 19 октомври албанскиот народ се ослободи од страв, притисок и политичка уцена.

    Додека на 2 ноември, ќе славиме заедно и на секој агол бидејќи Албанците ќе победат во речиси сите албански општини.

    Оваа победа не е само за ВЛЕН, туку и за сите оние кои одбија да живеат под политичкото и моралното понижување на структура која го изгубила секој осет за насока. Али Ахмети може да продолжи со навреди, но историјата е веќе напишана: Народот проговори и го испрати кон политичката бездна.

    ВЛЕН за достоинство, за почит, за иднина што обединува, а не што навредува“, порачаа од Влен.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

    10.10.2026 во 15:09

    ВМРО-ДПМНЕ: Мастер-планот на Филипче е пак да ѝ се умилкува на Бугарија за така да дојде на власт

    10.10.2026 во 10:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.