Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе нема вода – Водовод најави исклучувања на неколку скопски улици

    21.08.2026 во 09:36

    ФОТО: Сообраќајна несреќа кај Ботун, се преврте автомобил, застој од двете страни

    21.08.2026 во 15:14

    Наскоро споен викенд – Временска прогноза за трите дена одмор

    20.08.2026 во 10:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ЦУК: Пожарот во Церово будно се следи, екипите со максимален ангажман на терен
    • Хроничниот стрес го нарушува здравјето: Секојдневната напнатост станува сериозен проблем
    •  Уништени над 45 од 112 новопоставени столбови за зимска маркација до Титов Врв
    • Марк Закерберг купи замок во Ирска
    • Натепана 80 годишна жена во сопствениот дом – ја нападнал роднина
    • Најмалку 15 загинати и 130 повредени во руски напад со дрон врз трговски центар во Кривиј Рог
    • Малолетник возел мотоцикл и паднал, тешко е повреден
    • Мисајловски: Секој војник со 45 години ќе има можност да остане во МО, да замине во друга институција или да си земе отпремнина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Се празнуваат Светите маченици Тарах, Пров и Андроник

    Се празнуваат Светите маченици Тарах, Пров и Андроник

    25.10.2025 во 10:512 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Тарах беше родум од Клавдиопол во Сирија; Пров од Сида Памфилиска, а Андроник – син на угледен граѓанин од Ефес.

    Мачени беа сите тројца заедно од антипатот Нумериј Максим во времето на царот Диоклецијан. Во времето на мачењето Тарах имаше шеесет и пет години. Кога антипатот трипати го праша за името, тој сите трипати одговори: „Христијанин“.

    Прво ги биеја со стапови, па крвави и изнаранети ги фрлија во затвор. Потоа повторно ги изведоа на истизавање. Кога антипатот го советуваше Пров да се одрече од Христа, ветувајќи му почести од царот и нудејќи му го своето пријателство, Св. Пров одговори: „Ниту почестите на царот ги сакам ниту твоето пријателство.“ А кога на Св. Андроник му се закануваше со уште поголеми маки, младиот Христов маченик му одговори: „Моето тело е пред тебе, прави што сакаш.“ После долготрајни мачења по разни места, овие тројца маченици ги фрлија во театар пред ѕверовите.

    Пред нив едни други маченици во истиот театар беа растргнати од ѕверовите. Но на овие светители ѕверовите не сакаа да им наштетат, туку мечката и лавицата се умилкуваа околу нив. Кога го видоа тоа многумина незнабожци поверуваа во Христа и му се развикаа на антипатот. Бесен од лутина, и полут од ѕверовите, антипатот им нареди на војниците, та влегоа и со сабји ги искасапија мачениците на парчиња. Телата им останаа измешани со мртвите тела на останатите осуденици.

    И бидејќи беа измешани со другите, а ноќта беше темна и христијаните беа во недоумение како да ги распознаат телата на мачениците, Му се помолија на Бога и одеднаш се појавија три свеќи над телата на тројцата светители. Потоа ги зедоа и чесно ги погребаа.

    Прочитај повеќе

    ЦУК: Пожарот во Церово будно се следи, екипите со максимален ангажман на терен

    21.08.2026 во 23:40

     Уништени над 45 од 112 новопоставени столбови за зимска маркација до Титов Врв

    21.08.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.