Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45

    Костовски: Создаваме нов простор за прошетка, рекреација и дружење

    17.08.2026 во 19:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Цената на нафтата скокна
    • Хаварија во регионот: Пола град остана без вода
    • Почина Ведрана Рудан – „Отиде на подрачје без сигнал“
    • Украина со масовен напад со дронови врз Москва: Погоден магацинот на „Вајлдберис“
    • Наскоро продолжен викенд, ќе одмориме три дена – Останаа уште неколку неработни денови годинава
    • Добра вест за граѓаните: Пари ќе легнат на сметките, започна исплатата на „Мој ДДВ“
    • Дневен хороскоп: Неочекувани трошоци за Овенот, изненадување за Близнаците
    • Портокалово предупредување: Висока опасност од пожари низ земјава, ЦУК со апел до граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Имаме убедлива победа во Скопје заедно со Орце Ѓорѓиевски

    ВМРО-ДПМНЕ: Имаме убедлива победа во Скопје заедно со Орце Ѓорѓиевски

    25.10.2025 во 10:352 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    91.663 граѓани го направија вистинскиот избор во градот Скопје и го заокружија бројот 9 за Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ДПМНЕ. Оваа бројка и огромна победа во градот Скопје е јасен знак дека граѓаните сакаат просперитет, проекти и работа. Од друга страна пак, нашиот директен опонент, СДС, освои 26.737 гласови, со што Каја Шукова е четврти избор на граѓаните во Скопје, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Од партијата истакнуваат дека и во Советот на Град Скопје ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник со освоени 18 советнички места или 81.735 гласови. Од друга страна СДС е петта партија со едвај 5 советнички места или 24.612 гласови во Скопје.

    -Големата победа во градот Скопје во однос на СДС, поаѓа и од огромните победи на општините кои се дел од градот. Убедливите победи на Бети во Кисела Вода со над 10.000 разлика, Дарко во Бутел со разлика приближно 7.500 гласови, Боби во Гази Баба со победа над 10.000 гласови, во Ѓорче Петров разликата е околу 7.500 во корист на Александар, како и во Карпош, разликата во однос на СДС е околу 6.500 гласа за Сотир, а во Аеродром со Дејан разликата е приближно 9.500 гласови и Шуто Оризари победа за Ерџан од 1400 гласови разлика.

    Во делот на советничките листи сме апсолутни победници, а во дел имаме и апсолутно мнозинство во општините во Скопје. Во Аеродром имаме 15 советници, во Бутел имаме 9 советници, во Гази Баба и Кисела Вода имаме по 17 советника, во Ѓорче Петров 14 советници, во Карпош 11, како и Шуто Оризари со 4.

    ВМРО-ДПМНЕ го слуша народот и ги реализира нивните барања. ВМРО-ДПМНЕ на овие избори има програма која ќе ја реализира во сите општини и градот Скопје. Ние ветуваме работа и дела, наспроти отменост, криминал, корупција и неспособност од страна на СДС.

    На 2 ноември граѓаните имаат лесен избор, а тоа е вистинскиот избор и заокружување на бројот 9. За твојот човек, за твоето место, за твојата иднина, стои во соопштението на партијата.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Каде се дневните анализи на водата во Гостивар?

    18.08.2026 во 08:32

    Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување

    17.08.2026 во 22:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.