Close Menu
Press24
    Најново

    „Добра игра. Фер плеј“ – Lidl започнува кампања за вработување

    05.05.2026 во 13:59

    Доаѓа првиот африкански бран во Македонија, температурите ќе се искачат до 30 степени

    05.05.2026 во 13:36

    Десет месеци затвор за вработена во Министерството за земјоделство за мито со ИПАРД фондови

    05.05.2026 во 13:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Добра игра. Фер плеј“ – Lidl започнува кампања за вработување
    • Доаѓа првиот африкански бран во Македонија, температурите ќе се искачат до 30 степени
    • Десет месеци затвор за вработена во Министерството за земјоделство за мито со ИПАРД фондови
    • Полицаец заврши во притвор – ја нападнал сопругата
    • Јаневска најави задолжителни дежурства за наставниците: Наместо пари за обезбедување, децата ќе ги воспитува кадарот
    • Кривични пријави заработија и родителите на малолетничките кои нападнаа девојче во Ѓорче Петров
    • Телеком овозможува побрзо и поудобно патување со M-TAG
    • Хорор во Гостивар: Тинејџерка тешко повредена по напад од кучиња скитници
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лабудовиќ: За секој ученик во Центар субвенција за таблет или лаптоп

    Лабудовиќ: За секој ученик во Центар субвенција за таблет или лаптоп

    23.10.2025 во 11:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кандидатот за градоначалник на општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, ја најави новата мерка што ќе биде дел од неговата програма за дигиталната писменост како поддршка на младите – субвенции за таблети и лаптопи за сите ученици од петто одделение во општина Центар, се вели во видео изјава од кандидадот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија (ЗНАМ), што МИА ја објавува интегрално. 

    „Денес дигиталната писменост е исто толку важна колку и учебникот. Ако сакаме децата да бидат во чекор со времето, мора да им овозможиме еднаков пристап до современи алатки за учење. Затоа, воведуваме мерка со која секое дете ќе добие поддршка од 3.000 денари за таблет или 6.000 денари за лаптоп. Ова е конкретна помош за родителите, но и вистински чекор кон модерно, рамноправно и достапно образование за сите,“ изјави Лабудовиќ.

    Според него, оваа мерка не е само финансиска поддршка, туку инвестиција во знаење, иднина и еднакви шанси за сите ученици. Со неа, Општина Центар ќе стане пример за тоа како една локална самоуправа може да придонесе за поголемо ниво на дигитална писменост и поддршка на младите генерации.

    „Сакаме децата во Центар да имаат исти услови за учење – без разлика на тоа од какво семејство доаѓаат. Сакаме сите да имаат еднаква можност да учат, да истражуваат и да се надградуваат. Затоа што секое дете заслужува поддршка, а секој родител заслужува сигурност дека неговото дете има фер старт во животот,“ истакна Лабудовиќ.

    Оваа мерка е дел од пошироката визија за модерна, дигитална и напредна општина, која вложува во младите како највреден капитал на општеството.

    „Образованието е највредната инвестиција што можеме да ја направиме – затоа што вложувајќи во нив, вложуваме во нашата иднина. Центар ќе биде општина што ги отвора вратите кон дигиталниот свет, општина која стои зад секое дете со конкретна поддршка, визија и верба дека секој ученик може да успее,“ додаде Лабудовиќ.

    Прочитај повеќе

    Поповиќ: СДСМ бара оставка од Тошковски: Насилството е нормализирано, а системот е во колапс

    05.05.2026 во 12:24

    Манасиевски: СДС и Филипче се претставуваат како проевропски, а одржуваат проруски врски

    05.05.2026 во 12:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.