Close Menu
Press24
    Најново

    „Зошто замина толку рано“: Пејачот Јоце Панов се прости од починатиот Елвис Мекиќ

    19.08.2026 во 10:49

    Наскоро споен викенд – Временска прогноза за трите дена одмор

    20.08.2026 во 10:05

    Ќе нема вода – Водовод најави исклучувања на неколку скопски улици

    21.08.2026 во 09:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Утре сончево и многу топло, максималните температури до 41 степен, од недела заладување
    • Како да се користи веб апликацијата со мобилен интерфејс „Безбеден Град“ за странските државјани?
    • Директорот на ЦУК, Мухамед Али, директно на терен во Никуштак
    • Александрос Косенас: „Нептун“ кон ново поглавје
    • Сиљановска-Давкова им порача на учесниците на Медитеранските игри во Таранто: Верувајте во себе, докажете ја својата спортска посветеност
    • Приведени родители: Психички ја малтретирале нивната ќерка
    • Филипче: „Кошничката“ на Мицкоски е нов ПР-трик, не очекувам ништо
    • Нова услуга за дијагностицирање различни невролошки состојби во болницата во Кавадарци
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лабудовиќ најави обезбедување 24/7 во сите градинки и училишта во Општина Центар

    Лабудовиќ најави обезбедување 24/7 во сите градинки и училишта во Општина Центар

    22.10.2025 во 14:512 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Безбедноста на децата мора да биде обврска на општината, а не трошок за родителите“, порача Мирослав Лабудовиќ кандидат на ЗНАМ за градоначалник на Општина Центар. Тој најави дека дел од неговата програма е воведување 24-часовно физичко обезбедување во сите училишта и градинки на територијата на Центар, стои во соопштението на кандидатот за градоначалник на Центар, што МИА го пренесува интегрално.

    „Не може родителите од свој џеб да плаќаат за нешто што е законска обврска на општината. Тоа е недозволиво, но во Центар стана пракса. Јас се обврзувам дека секое училиште и секоја градинка ќе има 24-часовно физичко обезбедување. Безбедноста на децата е наш највисок приоритет“, вели Лабудовиќ.

    Покрај оваа мерка, најавена е и иницијатива за воведување безбедни патеки до училиштата и градинките, кои ќе бидат обележани, осветлени и целосно прилагодени за децата. Целта е да се создаде сигурна и уредена средина, во која секое дете ќе биде заштитено и во училницата, и во училишниот двор, и на патот до дома.

    „Ќе изградиме систем во кој родителите ќе бидат спокојни, а децата безгрижни и среќни. Безбедно дете значи спокојно семејство, а тоа е темел за модерен и одговорен Центар“, додаде Лабудовиќ.

    Новата мерка е дел од поширокиот план за поголема безбедност, ред и грижа за семејствата во Центар, и претставува конкретен пример дека со вистински политики општината може да стане поквалитетно и побезбедно место за живеење и за децата и за возрасните.

    Прочитај повеќе

    Орце Ѓорѓиевски: Пари за градот, а не за привилегии – Сите службени возила под GPS контрола

    21.08.2026 во 11:05

    Ќе нема вода – Водовод најави исклучувања на неколку скопски улици

    21.08.2026 во 09:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.