Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Историска одлука во ЕУ: Целосна забрана за увоз на руски гас

    Историска одлука во ЕУ: Целосна забрана за увоз на руски гас

    20.10.2025 во 16:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На состанокот во Луксембург, министрите за енергија на ЕУ усвоија одлука за целосно прекинување на увозот на руски гас по 2027 година. Предлогот го поднесе Европската комисија, а доби потребно квалификувано мнозинство во Советот – само Унгарија и Словачка, две земји без излез на море, беа против.

    Одлуката претставува мандат за Советот на ЕУ да преговара со Европскиот парламент, чија согласност е неопходна за да стапи во сила регулативата. Сепак, се очекува брз договор, бидејќи Парламентот претходно силно се залагаше за забрана за увоз на руски гас и нафта.

    Оваа одлука е дел од пошироката стратегија на ЕУ која има за цел целосно да го елиминира увозот на руски енергетски производи и со тоа да постигне енергетска независност за Европа, објави Ројтерс.

    • Енергетската независност за Европа е посилна и побезбедна Европа. Иако во последните години вредно работевме за отстранување на рускиот гас и нафта од Европа, сè уште не сме успеале целосно. Затоа е клучно данското претседателство да обезбеди широка поддршка од министрите за енергетика за закон со кој конечно ќе се забрани влезот на руски гас во ЕУ, изјави Ларс Огард, дански министер за енергетика.

    Нема да има нови договори
    Според новите правила, купувачите од ЕУ нема да можат да потпишуваат нови договори за увоз на руски гас по 1 јануари 2026 година, а сите постоечки договори ќе мора да бидат раскинати најдоцна до крајот на 2027 година, без оглед на роковите утврдени во нив, се вели во соопштението на Советот на Европа.

    Промените на постоечките договори ќе бидат дозволени само за строго ограничени оперативни цели и не можат да доведат до зголемување на обемот на снабдување, освен во случај на одредени исклучоци за земјите-членки без излез на море погодени од неодамнешните промени во рутите за снабдување.

    Иако увозот на гас од ЕУ се намали од повеќе од 40% на 13% од почетокот на руската агресија врз Украина, Унијата сè уште увезува гас во вредност од околу 15 милијарди евра од Русија годишно.

    Додека Словачка и Унгарија увезуваат гас преку цевководи, Белгија и Франција неодамна дури го зголемија увозот на руски течен природен гас (LNG).

    Од друга страна, уделот на руската нафта во вкупниот увоз на ЕУ падна под 3 проценти.

    Прочитај повеќе

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата

    28.10.2026 во 22:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.