Close Menu
    Најново

    УХМР издаде метео аларм за утре: Доаѓа циклон, подгответе се за обилни врнежи од дожд

    04.12.2025 во 14:48

    Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

    04.12.2025 во 14:44

    Ужас во Пробиштип: 40-годишник нападнал две малолетнички

    04.12.2025 во 14:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • УХМР издаде метео аларм за утре: Доаѓа циклон, подгответе се за обилни врнежи од дожд
    • Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
    • Ужас во Пробиштип: 40-годишник нападнал две малолетнички
    • Федерика Могерини поднесе оставка
    • Хорор ден за тинејџерка од Скопје – маж и извадил нож на паркинг простор во Карпош
    • Разбојништво во Чаир: Скопјанка остана без пари и без документи
    • Костадинов ги отфрла обвинувањата: Проектот со електричните автобуси е од стратешко значење и функционира беспрекорно
    • Разбојништво во Градскиот парк: Две лица со закана одзеле пари од 13-годишно девојче, нападнат нејзин другар
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Костадинов за поразот во Струмица: „Тешка брука и срам“

    Костадинов за поразот во Струмица: „Тешка брука и срам“

    20.10.2025 во 12:10
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    По 20 години, во општината која беше пример и бисер за прогрес, СДСМ ќе биде опозиција. Уште еднаш сакам да честитам на резултатот и за градоначалничкиот мандат, и за мнозинството во Советот на Општината, напиша актуелниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов во својата објава на својот фејсбук профил.

    Тоа е гласот на струмичанки и струмичани, избор што произлегува од политичката понуда создадена од одлуките на раководството на СДСМ. Од резултатите на Државната изборна комисија е јасно дека изборното цунами се разлеа низ речиси сите општини во државата. Ова не е обичен пораз, туку тешка брука и срам политички, но и морален. Состојбата во која е запален црвен аларм не е доволен сигнал за раководството на, до вчера, најголемата опозициска партија. Ова е сигнал за политичко заминување на поголем број членови од раководството, порача Костадинов. 

    Додава дека сега СДСМ е четврта политичка сила! СДСМ не влезе во втор круг во Скопје!

    – Тука станува збор за политичка одговорност и политички срам. Недозволиво е самоволието да продолжи да владее и со тоа секој еден член на СДСМ да биде понижен. Немојте да зборувате дека сте среќни со резултатот. Поголем пораз од ова нема, вели Костадинов. 

    Смета дека на партијата ѝ е потребна суштинска консолидација. 

    – Час поскоро, секој кој носел одлуки треба да се погледне во огледало и да признае дека не го бива. И да си оди. Тоа е доблест, чекор со кој ќе се овозможи вистинските луѓе да се интегрираат во партијата и искрено да почнат со работа. Веднаш, уште денес. Mора да се седне на маса. За консолидација, но суштинска, а не декларативна на прес конференции. Вистинска, лице в лице. Повикувам, со ладни глави, кон реформа, реконструкција, ремонт и ребрендирање, кои можат да ја излечат СДСМ, заклучува Костадинов. 

    Популарно

    Екс-градоначалникот на Струмица, Костадинов заработи кривична – направил злоупотреба при набавка на електрични автобуси вредни 430 милиони денари

    04.12.2025 во 12:37

    Груевски: „Ко о чему, Заев и Филипче о поштењу“ – Заев тргува со руско железо, а со Филипче се обиделе да протуркаат фирма за увоз на ковид-вакцини

    04.12.2025 во 11:36

    Пресврт на судењето за „Пулс“: Телефоните и лаптопот најдени во ќелијата не биле на обвинетиот Камбери

    04.12.2025 во 10:32

    Ахмети најави протест во Скопје за поддршка на поранешните водачи на ОВК

    04.12.2025 во 10:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.