Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: Мицкоски сака засилена соработка со Интерпол? Нека почне од себе и својата криминална група ВМРО

    09.07.2026 во 20:28

    Премиерот се сретна со шефот на Интерпол: Разговарале за борбата против организираниот криминал

    09.07.2026 во 20:11

    СДСМ: Народот стои финансиски лошо Мицкоски, исто и Буџетот

    09.07.2026 во 20:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Мицкоски сака засилена соработка со Интерпол? Нека почне од себе и својата криминална група ВМРО
    • Премиерот се сретна со шефот на Интерпол: Разговарале за борбата против организираниот криминал
    • СДСМ: Народот стои финансиски лошо Мицкоски, исто и Буџетот
    • Денес почна исплатата на овие парични средства – проверете дали ви се легнати
    • Лефков: Македонија е лидер во спроведувањето на Реформската агенда
    • Најмалку 28 загинати во пожарот во кинеската фабрика за чевли 
    • Директорот на албанската полиција: Функционерите на „Вреди“ беа слободни, придружбата беше проблемот
    • Полицаец од Чашка „пукал од ќеф“ на свадба, па си заработи кривична и суспензија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ загуби фантастични 140.000

    СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ загуби фантастични 140.000

    20.10.2025 во 09:502 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По преброени 99% од гласовите, се потврдува он што СДСМ го говореше, а тоа дека оваа власт на чело со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ на овие избори ќе изгуби огромен број на гласови, велат од СДСМ. 

    „Споредбените анализи со изборните резултати од минатата година покажуваат дека ВМРО–ДПМНЕ и ЗНАМ имаат изгубено по речиси една третина од гласовите. Падот на ВМРО-ДПМНЕ е фантастични 135.000 или 30,8% од гласовите, а ЗНАМ паѓа од 56.200 на 38.034 гласови, односно е најголем губитник и има изгубено 33% од гласовите. 

    За разлика од нив СДСМ има изгубено само 18% од гласовите што, ако се земе предвид пониската излезеност речиси да нема загуба. Левица, која вчера триумфалистички излажа дека станувала лидер на опозицијата има изгубено ист процент на гласови како СДСМ, со мало подобрување на резултатот на на ниво на градот Скопје. Левица сумарно има 2,2 пати помалку гласови од СДСМ со што е јасно дека ваквите еуфорични лаги на Апасиев немаат допирна точка со реалноста. 

    СДСМ се надеваше на подобар резултат, но фактот што е значително намалена разликата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, фактот што ЗНАМ, нивниот привезок партија, има драматичен пад, укажува на тоа дека довербата во власта значително опаѓа. СДСМ останува втора најсилна партија.

    Според анализите, СДСМ има стабилизација и раст на процентот на освоени гласови во најголем дел од општините што е позитивен тренд, но и помал број општини каде има благ пад, за што ќе се направи соодветна анализа и преземат чекори за подобрување на резултат“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Мицкоски сака засилена соработка со Интерпол? Нека почне од себе и својата криминална група ВМРО

    09.07.2026 во 20:28

    СДСМ: Народот стои финансиски лошо Мицкоски, исто и Буџетот

    09.07.2026 во 20:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.