Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Семејна драма во Тетово: Со нож ѝ се заканувал на мајка си и уште една роднина
    • Тетовец тепал 11-годишно дете
    • Алкохолот поскапел најмногу: 2,7% инфлација во септември
    • Дизелот под поголем притисок од суровата нафта, ризик од ново поскапување и во Македонија
    • Каранфилова – Пановска: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме „трета економија“ во Европа
    • Од каде му се 335.000 евра на Груби за да плати за пасошот?
    • Мицкоски: ЕУ препозна дека дел од членките го злоупотребуваат правото на вето
    • МВР откри катастрофа во јавниот превоз – секој 4ти автобус неисправен
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитријевиќ: СДСМ води и очекува победа во: Центар, Крива Паланка, Пробиштип,Чучер Сандево, Кривогаштани, Богданци

    Димитријевиќ: СДСМ води и очекува победа во: Центар, Крива Паланка, Пробиштип,Чучер Сандево, Кривогаштани, Богданци

    19.10.2025 во 21:243 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Генерално имаше мирен ден, но за жал констатиравме и бројни прекршувања на изборниот процес. Злоупотреба на избирачкиот список, обиди за изборен поткуп, директни закани и уцени, кршење на изборниот молк преку агитирање и како и нерегуларности при самото  гласање. Во Лозово на пример е спречен е обид за поткуп, документиран и од страна на МВР. Обиди за поткуп има и во други места кои сега се документираат, изјави на денешната прес-конференција Александар Димитриевиќ генерален секретар на СДСМ.

    „Во Куманово и во Ѓорче Петров имало случаи на повеќе ливчиња да му дадат на еден гласач. Во 

    Ѓорче пет ливчиња дадени од претседателка на ИО на свој сопруг.

    Во Студеничани (ИМ 2349/1 и 2353), членови на ИО истовремено биле и на советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ.

    Во Прилеп и  Крива Паланка регистрирани се притисоци и закани кон активисти и кандидати на СДСМ.

    Во Неготино констатирано е дека Кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ користи општински објект за потребите на кампањата.

    Во Богданци, раководител на ОВР Гевгелија во возило на ЈП „Национални шуми“ агитирале за ДПМНЕ.

    Веќе реагиравме и за тоа што починати лица  се најдоа на избирачкиот список, дури и на советничка листа на коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ.

    Командири и началници на полицијата беа дел од активностите на ДПМНЕ на терен за време на кмапањата.

    Во Зелениково и Кратово: Роднини на кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ биле назнечи и во Општинските изборни комисии.

    Во Охрид, Крива Паланка и Прилеп, партиските штабови на ДПМНЕ биле активни и агитирале за време на молк .

    Во Градско: Закани од кандидат Киро Нацков кон членови на одборите.

    Во Јегуновце: Злоупотреба на лични податоци за гласање на болни и немоќни.

    Денеска имаше извесувања за неколку случаи на попречување на работа на новинарските екипи, во Карпош, Охрид и Тетово

    Овие настани бараат итна реакција од ДИК, Јавното обвинителство, МВР за да се обезбеди одговорност, да се заштити слободната волја на граѓаните и да се гарантираат фер и демократски избори.

    Правниот тим на СДСМ подготвува поднесување на соодветни пријави и поднесоци до надлежните институции.

    Од досега пристигнати резултати СДСМ води и очекуваме победа:

    1.Центар

    2.Крива Паланка

    3.Пробиштип

    4.Чучер Сандево

    5.Чешиново Облешево

    6.Кривогаштани

    7.Богданци

    Тесна битка е во Неготино, Валандово,  Македонска Каменица, Ранковце.

    Водиме и во Дојран и Лозоцо, но веројатно ќе има втор круг.

    Како пристигнуваат резултатите ќе информираме.

    Со задоволство констатирам дека во секоја општинска организација имаме подобар резултат во споредба со лани.
    По сите досегашни параметри имаме подобри резултати од минатите парламентарни избори“, кажа генералниот секретар на СДСМ

    Прочитај повеќе

    Каранфилова – Пановска: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме „трета економија“ во Европа

    07.10.2026 во 12:58

    Од каде му се 335.000 евра на Груби за да плати за пасошот?

    07.10.2026 во 12:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.