Благодарам на присуството, се надевам дека ќе имаме еден мирен изборен ден во којшто граѓаните ќе можат да го искажат својот избор, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. До сега изборниот ден се одвива добро, мирно, без инциденти. Додадена вредност во нашиот изборен систем е што Државната изборна комисија секогаш е водена од опозицијата и тоа дава дополнителна сигурност и дополнителна гаранција за фер и демократски избори. Се надевам дека Државната изборна комисија предводена од Борис Кондарко, којшто е предлог на СДСМ, ќе успее да спроведе фер и демократски избори, дека граѓаните ќе можат да го искажат својот став на еден мирен и демократски начин. Сметам дека имавме една добра кампања во којашто ги претставивме нашите позиции, и зошто сметаме дека нашите кандидати се најдобри и треба да се направи вистинскиот избор, и очекувам денеска да граѓаните тоа го потврдат, истакна Николоски. Очекувам една голема, извесна победа и на ниво на држава и тука во Прилеп. И очекувам најголем дел од победите да бидат во првиот круг и очекувам во Прилеп, исто така, да имаме победа во првиот круг, додаде тој.
- Историско судење: Ако „Мета“ го загуби спорот, Instagram и Facebook би можеле засекогаш да се променат
- Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун – „Тој ме разбира мене, јас го разбирам него“
- Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари за ракети „Томахавк“
- Започна исплатата на „Мој ДДВ“ – проверете ги сметките
- Канада пред нов удар: САД воведуваат царини од 50 проценти во средa
- Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување
- Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров
- Почнува судењето за убиството на Тупак

