Close Menu
Press24
    Најново

    Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее

    29.10.2026 во 22:20

    Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени

    29.10.2026 во 22:17

    Бројот на жртвите од железничката несреќа во Шпанија се искачи на 74, истрагата ги утврдува причините

    29.10.2026 во 22:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
    • Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
    • Бројот на жртвите од железничката несреќа во Шпанија се искачи на 74, истрагата ги утврдува причините
    • Ја бранел ќерка си од бившиот партнер, па завршил избоден – хорор во соседството
    • Почина легендарниот актер Патрик Стјуарт
    • 22-годишник уапсен во близина на Милано под сомнение за тероризам: Под истрага е планирање напади врз синагога и џамија
    • „Никој да не го заборави тоа“: Путин ја предупредува Европа на опасно сценарио
    • Андоновски: Во 2027 година се очекува поставување на камен-темелникот за Националниот дата центар
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Цел Балкан тагува: 18 години без Тоше Проески

    Цел Балкан тагува: 18 години без Тоше Проески

    16.10.2025 во 10:512 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска Македонија и целиот Балкан се потсетуваат на Тоше Проески, големата музичка ѕвезда која пред 18 години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка на пат кон Загреб.

    Во негов спомен, традиционално се одржува маратон од Нова Градишка до Крушево, кој оваа година се трча по 18 пат. Маратонците го започнаа патувањето пред спомен-обележјето на Тоше во Нова Градишка, а денеска, на годишнината од неговото заминување – треба да пристигнат на неговото вечно почивалиште на Гумење во Крушево.

    Организаторите велат дека овој маратон не е само спортски настан, туку емотивно патување исполнето со љубов, почит и благодарност кон Тоше, кој со својата музика и хуманост остави траен белег на генерации низ целиот регион.

    Крушево, градот на неговото детство и вечен дом, веќе се подготвува за одбележувањето на роденденот на Тоше – 25 јануари, кога ќе се навршат 39 години од неговото раѓање.

    Животот на Тоше згасна во 2007 година, токму кога ја одбележуваше десеттата година од својата музичка кариера, која тогаш веќе добиваше меѓународно признание. Неговиот последен англиски албум, „The Hardest Thing“, беше издаден постхумно, како симбол на недовршениот сон за светска сцена.

    Тодор Проески – Тоше е роден на 25 јануари 1981 година, а својот талент го покажа уште како дете, настапувајќи на фестивалот „Златно славејче“ во 1992 година, каде ја испеа песната на влашки јазик.

    Кариерата ја започна со победата на „Мелфест“ во Прилеп, во 1997 година, по што настапуваше на најголемите фестивали во регионот, а во 2004 година ја претставуваше Македонија на Евровизија во Истанбул. Истата година беше именуван за амбасадор на УНИЦЕФ.

    Во текот на својата кариера издаде седум албуми, од кои повеќето беа објавени и на српски и хрватски јазик. Последниот, „Игри без граници“, беше промовиран само две недели пред трагедијата, а неговиот последен концерт – хуманитарен, за подобрување на условите во образованието во Македонија – се одржа на 5 октомври 2007 година на Градскиот стадион во Скопје.

    Прочитај повеќе

    Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее

    29.10.2026 во 22:20

    Љубовен пресврт за едни, успех на работа за други: Хороскоп за 29 октомври

    29.10.2026 во 09:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.