Close Menu
Press24
    Најново

    МВР спречи трагедија: Полицијата спаси малолетник кој објавил загрижувачка објава на социјалните мрежи

    01.03.2026 во 18:28

    Трагедија: Млад Македонец загина на работното место во Швајцарија

    01.03.2026 во 18:21

    Би-Би-Си: Иранците тврдат дека испалиле четири балистички ракети кон американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“

    01.03.2026 во 15:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • МВР спречи трагедија: Полицијата спаси малолетник кој објавил загрижувачка објава на социјалните мрежи
    • Трагедија: Млад Македонец загина на работното место во Швајцарија
    • Би-Би-Си: Иранците тврдат дека испалиле четири балистички ракети кон американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“
    • Николоски: Со модернизација на ГП Деве Баир и новата обиколница целосно го развиваме источното крило на Коридор 8
    • Еве што ќе се случи со производството на нафта по нападот врз Иран
    • Владата со препораки до македонските државјани: Следете ги упатствата и контактирајте ги амбасадите
    • (ФОТО) Реконструирана обиколницата во Крива Паланка – Мицкоски верува дека инвестициите ќе ги вратат иселените дома
    • (ВИДЕО) Погледнете како изгледа небото на Блискиот Исток
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Претседателката очекува мирни избори

    Претседателката очекува мирни избори

    15.10.2025 во 20:593 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Претседателката Гордана Сиљановска Давкова очекува претстојните локални избори да поминат во мирна атмосфера која ќе им овозможи на граѓаните да се определат како што сакаат, но укажува дека според реториката во кампањата многу е тешко да направи разлика за какви избори се работи.

    Сиљановска Давкова денеска на новинарско прашање оцени дека и на овие избори се зборува за профилот на личноста, а не за активностите и решенијата, укажувајќи дека културата во говорот е најважната работа особено кога се во прашање лидерите.

    – Ова е многу тешко прашање, бидејќи јас како што гледате, се обидувам од страна да ги гледам работите бидејќи сум претседателка на сите граѓани и не сакам да имам политичко влијание, но мислам веќе кажав еве ќе повторам. Прво, во прашање се локални избори. Локалните избори треба да водат кон избор на вистински личности спремни да ги решаваат локалните проблеми. Многу тешко ми е искрено да направам разлика за какви избори навистина се работи. Второ, не сакам да поверувам дека Државната изборна комисија со целиот систем на општински изборни комиси, Градска изборна комисија, избирачки одбори, после 30 години нема капацитет да спроведе фер и демокатски избори или добро да ги спроведе изборите. Очекувам изборите да поминат во мирна атмосфера која ќе им овозможи на граѓаните да се определат така како што сакаат, изјави Сиљановска Давкова, по учество на настан по повод 15 Октомври – Меѓународниот ден на белиот стап, организиран од Државното средно училиште со ресурсен центар „Димитар Влахов“ – Скопје.

    Претседателката на државата дополни дека и по 30 години не може да го разбере говорот, кој, нагласи, „за жал, и на овие избори, не од сите, многу пати е ад хоминем, а не ад рем, се бави со профилот на личноста, а не со активностите и решенијата“.

    Порача дека лидерите на партиите имаат просветителска мисија и оти не може се очекува од граѓаните да го контролираат својот говор на социјалните мрежи ако се инспирирани од оние кои треба да бидат носители на дијалог.

    – Тоа е недозволиво. Јас знам дека има страст на изборите. Каде што се партиите секогаш има страст, меѓутоа, мислам дека културата во говорот особено кога се лидерите во прашање е најважната работа. Тие имаат просветителска мисија, не можете да очекувате од граѓаните потоа да го контролираат својот говор на мрежите, ако се инспирирани, ама инспирацијата не е бенигна туку е малигна, од оние кои треба да бидат носители на дијалог. Истово го повторувам и за портпаролите на партиите. Во светот портпаролите и на институциите и на партииите се промотори на мировен дијалог, а не на навреди. Мораме да го надминеме тоа, ако сакаме навистина да бидеме пристојна европска демократска држава, рече Сиљановска Давкова.

    Во тек на кампањата наведе дека слушнала и невидени тврдења, издвојувајќи го како пример ветувањето од еден кандидат дека ќе прогласи вондредна состојба и оти за тоа немало реакција.

    – Како може градоначалник да прогласи вонредна состојба? Вонредна состојба прогласува Собранието, а ако не може да се состане тогаш Претседателот на државата. Јас сум голем критичар на воведување вонредни состојби бидејќи во вонредните состојби се најзагрозени слободите и правата на човекот и граѓанинот, ама ваков феудален говор навистина мора да се ограничи или барем да се предупредат бидејќи полно луѓе мислат дека тоа било најхраброто нешто што го чуле, изјави претседателката Сиљановска Давкова.

    Популарно

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Испливаа најнови информации за здравјето на Дачиќ

    27.02.2026 во 09:30

    (ВИДЕО) Погледнете како Иранците ги подготвуваа авионите и пилотите да напаѓаат американски бази: Објавена е листата на бомбардирани локации

    01.03.2026 во 12:24

    Иран штотуку објави крвава одмазда врз Америка и Израел: Денес ќе нападнеме со сила каква што никогаш порано не сте виделе

    01.03.2026 во 11:45

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.