Close Menu
Press24
    Најново

    Знаци дека некоја личност манипулира со вас: Обрнете внимание на 7 психолошки трикови

    04.05.2026 во 23:49

    Дел од Топанско Поле утре ќе остане без вода

    04.05.2026 во 23:36

    Утре сончево време, од среда нестабилно со врнежи од дожд

    04.05.2026 во 23:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Знаци дека некоја личност манипулира со вас: Обрнете внимание на 7 психолошки трикови
    • Дел од Топанско Поле утре ќе остане без вода
    • Утре сончево време, од среда нестабилно со врнежи од дожд
    • Луѓето родени во мај се посебни, ги красат овие карактеристики
    • Запалена машина за железо причина за големиот пожар што ги вознемири скопјани
    • Цената на нафтата „Брент“ надмина 115 долари по нападите врз Обединетите Арапски Емирати
    • Тинејџери шамареле деца на игралиште: Ново сведоштво за насилство во Скопје
    • Путин прогласи еднострано примирје на 8 и 9 мај
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мисајловски на состанок на НАТО: Македонската Армија засилено се опремува и модернизира

    Мисајловски на состанок на НАТО: Македонската Армија засилено се опремува и модернизира

    15.10.2025 во 13:292 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска (15 октомври), во Седиштето на НАТО во Брисел, министерот за одбрана Владо Мисајловски учествуваше на состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО на кој присуствуваа министрите за одбрана на сите 32 сојузници.

    На состанокот министрите за одбрана се осврнаа на повеќе теми поврзани со безбедноста. Тие заеднички ја потврдија определбата за имплементација на обврските преземени на Самитот во Хаг во јуни оваа година, особено во контекст на интензивниот развој на способностите и капацитетите, како  и во однос на инвестирањето во одбраната. Воедно, министрите се согласија  дека Алијансата и земјите-членки се целосно посветени на одбраната и одвраќањето, како и на заштитата на секоја педа сојузничка територија.

    Министерот Мисајловски даде целосна поддршка на напорите за зајакнување на способностите на Алијансата, истакнувајќи ја важноста регионот на Западниот Балкан да остане мирен, стабилен и безбеден. Мисајловски порача дека нашата земја останува целосно посветена на придонесот кон колективната безбедност, имајќи го предвид придонесот во мисијата КФОР на Косово и учеството во рамките на мултинационалните сили на Алијансата во Бугарија, Романија и Латвија. Министерот пред колегите од земјите-членки порача дека македонската Армија засилено се опремува и модернизира, како и дека земјата има јасен план за раст на инвестициите во одбраната и безбедноста, согласно одлуките од Самитот на НАТО во Хаг.

    На состанокот на Советот НАТО – Украина, на кој учествува и Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас земјите членки на НАТО ќе ја потврдат определбата за континуирана, долгорочна поддршка за Украина.

    Во рамки на денешните активности во Седиштето на НАТО, министерот Мисајловски ќе учествува и на состанок на Контакт Групата за Украина.

    Прочитај повеќе

    Дел од Топанско Поле утре ќе остане без вода

    04.05.2026 во 23:36

    Утре сончево време, од среда нестабилно со врнежи од дожд

    04.05.2026 во 23:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.