Close Menu
    Најново

    Тепачка во гаража на здравствена установа во Карпош

    16.10.2025 во 23:48

    Чекан за жигосување на дрва од Шумско стопанство пронајден во камион со дрва на фирма од Крушево

    16.10.2025 во 23:26

    (ФОТО) Почина актерот од серијата „Сулејман Величествениот“

    16.10.2025 во 22:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Тепачка во гаража на здравствена установа во Карпош
    • Чекан за жигосување на дрва од Шумско стопанство пронајден во камион со дрва на фирма од Крушево
    • (ФОТО) Почина актерот од серијата „Сулејман Величествениот“
    • Магнети за пари: Овие хороскопски знаци се родени да се збогатат
    • Универзумот им отвора врати: Три знаци влегуваат во фаза во која соништата се претвораат во реалност
    • Филипче: Народот брои денови до плата
    • Меџити: Ја прифатив улогата на слуга на народот
    • Хорор го потресе светот: Манекенка избодена 24 пати
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Филипче: За една година власта направи долг од 1,86 милијарди евра, рекорд во регионот

    Филипче: За една година власта направи долг од 1,86 милијарди евра, рекорд во регионот

    15.10.2025 во 12:56
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, предупреди дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ за само 14 месеци ја направи државата со највисок јавен долг во Западен Балкан.

    „Во последниве 14 месеци, државата се задолжи за над 1,86 милијарди евра – една милијарда од Унгарија, 836 милиони преку аукции на домашни хартии од вредност. Во најава се нови 950 милиони евра надворешно задолжување и 70 милиони од домашни банки. Светската банка веќе проектира дека јавниот долг ќе достигне 62,9% од БДП – што не прави најзадолжена земја на Западен Балкан. Ние сме исто така единствена земја во која актуелниот долг го надминува предпандемискиот пик“, рече Филипче.

    Тој посочи дека и покрај ваквите алармантни бројки, власта упорно повторува дека долгот е 61,7%, односно се обидува да манипулира пред јавноста за да се прикрие вистинскиот товар што ја турка економијата надолу.

    „А под површината, стои уште еден проблем кој Владата избегнува да го признае. Фискалниот совет предупредува на приближно 700 милиони евра доспеани, а неплатени обврски. Тоа е скриен долг што директно ја уништува ликвидноста на македонските компании“, рече Филипче.

    И додека долговите се трупаат, Филипче предупреди дека моторот на секоја здрава екоомија, а тоа се странските инвестиции исчезнуваат.

    „Во 2024 година, Владата што ја предводеше СДСМ остави повеќе од една милијарда евра странски директни инвестиции. А што имаме во 2025? Во првиот квартал 135,8 милиони евра, а во вториот  само 75,9 милиони евра. Премиерот, кој неодамна влезе во еуфорија со најави за милијарди, сега молчи. А токму тоа молчење е најгласниот доказ за економскиот пад“, рече претседателот на СДСМ, венко Филипче.

    Популарно

    ФОТО: Последно збогум за Панчо во црквата во скопски Аеродром

    16.10.2025 во 13:40

    Родителите на загинатите во „Пулс“ ја менуваат стратегијата

    16.10.2025 во 13:34

    Фудбалерот на Шкендија му се закани на градоначалникот Дехари: Ми го навредуваш семејството – нема да седиме со скрстени раце

    16.10.2025 во 10:32

    (ФОТО) Почина актерот од серијата „Сулејман Величествениот“

    16.10.2025 во 22:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.