Close Menu
    Најново

    Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

    04.12.2025 во 14:44

    Ужас во Пробиштип: 40-годишник нападнал две малолетнички

    04.12.2025 во 14:29

    Федерика Могерини поднесе оставка

    04.12.2025 во 14:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
    • Ужас во Пробиштип: 40-годишник нападнал две малолетнички
    • Федерика Могерини поднесе оставка
    • Хорор ден за тинејџерка од Скопје – маж и извадил нож на паркинг простор во Карпош
    • Разбојништво во Чаир: Скопјанка остана без пари и без документи
    • Костадинов ги отфрла обвинувањата: Проектот со електричните автобуси е од стратешко значење и функционира беспрекорно
    • Разбојништво во Градскиот парк: Две лица со закана одзеле пари од 13-годишно девојче, нападнат нејзин другар
    • Царина и АХВ во заедничка акција: Потпишан Меморандум за зголемена безбедност на храната и сузбивање криминал
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Шукова: Има системско решение за проблемот со недостигот на вода во Бутел

    Шукова: Има системско решение за проблемот со недостигот на вода во Бутел

    15.10.2025 во 12:18
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ Каја Шукова денеска изјави дека Бутел одамна чека на вистинска промена – нови улици, чисти паркови, поврзани населби и општина што ги слуша граѓаните.

    • Знам дека луѓето во Бутел се уморни од празни ветувања. Затоа мојата визија е едноставна, работа, резултати и одговорност. Ќе ја вратиме Серава како гордост на заедницата, уредено корито, пешачки и велосипедски патеки и зелена оаза наместо дива депонија. Новите мостови и надвозникот на булевар „8 Септември“ ќе го поврзат Бутел со центарот, ќе скратат време на патување и ќе донесат подобар јавен превоз, рече Шукова, која е и единствената жена кандидат за главниот град.

    Таа посочи дека со клучката меѓу булеварите „Словенија“ и „Никола Карев“ и новите булевари, Бутел конечно ќе стане рамноправен дел на Скопје со модерна инфраструктура, осветлени улици и безбедни патишта.

    Жителите на Бутел, потенцира таа, имаат акутен проблем со недостиг на вода за пиење и никој не презема ништо околу тоа. Според неа, проблемот не се решава со козметички зафати во ек на изборна кампања.

    • Има системско решение, целосно решение наместо паушални зафати каде ќе се реши проблемот на едно место во општината, а ќе се зголеми на друго. Најважно од се е дека ќе градиме општина каде секој жител е вклучен, општина што не дели, туку соединува затоа што вистинската промена не доаѓа со зборови туку со дела, а јас сум подготвена да работам за Бутел што има визија, за Бутел што конечно ќе оди напред, додаде Шукова.

    На новинарско прашање за тоа колку може да се санира од питката вода која се губи и колку според податоците се губи досега, рече дека проценките се дека се губи 60 проценти вода, дел, вели, поради инфраструктурата за водоснабдување која не е одржувана со години.

    • Дел од зафатот главната водоводна цефка кога ќе се работи БРТ секако ќе се отвори и ќе видиме какви се можностите и потребите за санација иако се направени неколку снимања во изминатите години, за жал, никој не ги спровел на дело, никој не ги употребил тие снимања бидејќи се знае каде се главните проблеми каде се губи водата од системот за водоснабдување. Покрај тоа, покрај загубите на вода во системот имаме проблем и со дивите приклучоци и од таму се губи дел од водата и имаме проблем и со ненаменското користење на водата за пиење која ја користиме за други намени, а треба да биде исклучиво вода за пиење за граѓаните на Скопје, нагласи Шукова.

    Одговарајќи на новинарско прашање за нејзината најава за 15 паркови за 15 месеци и за тоа дали е изводливо и што ќе значат тие за Скопје, рече дека тоа е изводливо, бидејќи точно знаат на кои локации ќе се работи.

    • Дел од парковите ќе бидат нови, дел ќе бидат оние кои се во девастирана состојба и мора да се подобрат. Тоа што е интерено, покрај 15 паркови за 15 месеци, јас најавив и 10 илјади нови садници меѓутоа за промена ќе направиме и овошни садници, малку да го разубавиме Скопје. Тоа го имаше пред 20, 30 години во Скопје. Ајде повторно да ја вратиме таа пракса покрај зимзелени и листопадни дрвја, да засадиме и овошни садници, додаде Шукова.

    Популарно

    Екс-градоначалникот на Струмица, Костадинов заработи кривична – направил злоупотреба при набавка на електрични автобуси вредни 430 милиони денари

    04.12.2025 во 12:37

    Груевски: „Ко о чему, Заев и Филипче о поштењу“ – Заев тргува со руско железо, а со Филипче се обиделе да протуркаат фирма за увоз на ковид-вакцини

    04.12.2025 во 11:36

    Пресврт на судењето за „Пулс“: Телефоните и лаптопот најдени во ќелијата не биле на обвинетиот Камбери

    04.12.2025 во 10:32

    Ахмети најави протест во Скопје за поддршка на поранешните водачи на ОВК

    04.12.2025 во 10:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.