Close Menu
    Најново

    Трагедија на естрадата: Загина Самир Хоџиќ, долгогодишниот хармоникаш на Ханка Палдум

    22.12.2025 во 14:41

    Украл паричник од куќа во Кочани, па со соучесници „испразниле“ 90.000 денари од банкомат

    22.12.2025 во 14:34

    Скопјанец претепан на Средно Водно

    22.12.2025 во 14:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Трагедија на естрадата: Загина Самир Хоџиќ, долгогодишниот хармоникаш на Ханка Палдум
    • Украл паричник од куќа во Кочани, па со соучесници „испразниле“ 90.000 денари од банкомат
    • Скопјанец претепан на Средно Водно
    • Мицкоски: Градиме енергетски суверенитет – 97 милиони евра за модерна и чиста македонска енергија
    • Николоски на терен: На автопатот Охрид-Кичево се градат галерии какви што нема во регионот
    • Апсење на Ќафасан: Албански државјанин се обидел да потплати полицаец
    • Мортус пијан радовишанец направил сообраќајка: Со над 2 промили алкохол и со нерегистрирана „корса“ се забил во паркиран автомобил
    • Драма во Центар: Со остар предмет и се заканувал на сопругата, па го нападнал и сопствениот син
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Како се однесуваат зрелите луѓе по раскинување на врската?

    Како се однесуваат зрелите луѓе по раскинување на врската?

    14.10.2025 во 23:17
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    По раскинување на врската, некои луѓе се чувствуваат повредено, тажни се и намалено им е нивото на самодоверба. Меѓутоа, ако ги насочите своите мисли во вистински правец, побрзо ќе закрепнете и на здрав начин ќе го продолжите животот по разделбата.

    Неколку терапевти издвоија шест однесувања на зрелите луѓе по раскинување на врска:

    Нема да им се вратат на поранешните партнери

    Зрелите и сериозни луѓе не им праѓаат пораки на бившите во 2 наутро. Можеби и кај нив се јавува потребата за таква комуникација, но тие разумно успеваат да одолеат на тој нагон и нема да се јават или да пратат порака.

    „Тие знаат дека има причина зошто врската не функциониралаи наместо да продолжат да се обидуваат да ја поправат врската, прифаќаат што и како изгубиле и стануваат имун на потребата да се вратат на поранешните партнери“, вели Арон Андерсон, советник за брачни и семејни проблеми.

    Не се обвинуваат себе си и не играат улога на жртва

    Зрелите луѓе се трудат да бидат позитивни по раскинувањето. Иако сфаќаат дека направиле грешки, не влегуваат во магепсаниот круг на вина, туку преземаат одговорност за своите грешки и се фокусираат на тоа да станат посилни и попаметни личности.

    „Не треба да се обвинувате себе си бидејќи тоа ќе ве направи немоќни, ќе се чувствувате слаби и ќе мислите дека никој не ве сака. Зрелите и паметни луѓе преземаат одговорност и продолжуваат понатаму со живото“, вели терапевтката Олга Блох.

    Не дозволуваат загубата да ги дефинира

    „Луѓето кои се сметаат за зрели никогаш нема да си дозволат раскинувањето да ги карактеризира како личности. Иако ова искуство е многу тешко и болно, тие учат од него и стануваат отпорни на болката“, вели терапевтката Сузан Краус.

    Авторката Нора Ефрон во една од нејзините книги го опишува разводот како процеш што траел многу подолго од бракот и дека на крајот сфатила колку долго тој развод ја дефинирал и бил главната работа во нејзиниот живот. Наскоро сфатила дека тоа не треба да биде така и тргнала во друг правец.

    Не се сметаат за непривлечни само заради тоа што не им се привлечни на бившите

    Вашата вредност не зависи од тоа колку сте привлечни и колку некој ве сака, особено ако станува збор за поранешниот партнер. Кога самоуверена личност ќе раскине, таа уште е свесна за своите квалитети и можности.

    „Луѓето кои можат јасно да видат кои се и што можат да направат, без проблеми можат да продолжат понатаму по раскинувањето бидејќи знаат дека ако поранешниот партнер не ги цени, ќе се појави некој кој ќе го прави тоа. Тие знаат дека одбивањето и раскинувањето не значи дека нешто не е во ред со нив, туку гледаат на раскинувањето од друга страна. Знаат дека секое раскинување значи дека се чекор поблиску до личност која навистина ќе ги цени и ќе ги сака онакви какви што се“, вели Блох.

    Не се обидуваат да победат во раскинувањето

    Зрелите луѓе по раскинувањето се трудат да бидат најдобра верзија на себе и не се обидуват да им наштетат на бившите на кој било начин. Свесни се дека и двајцата претрпеле загуба и продолжуваат понатаму без никакви проблеми и потреба и понатаму да се врзуваат за пропаднатата врска.

    Не го носат товарот од претходната врска во новата

    Сите со себе носат делови од врските и односите со луѓето со кои биле претходно, но она што е вистински предизвик е да не дозволиме товарот од претходната пропадната врска да го влечеме во наредната и со тоа од старт да ѝ наштетиме.

    „Зрелите луѓе си даваат време да закрепнат од раскинувањето, да сфатат што не функционирало и што сакаат од себе и од следниот партнер. Знаат дека раскинувањето не е само нивна вина и не им е страв да се соочат со сѐ што направиле погрешно и како да не го повторат тоа во следната врска“, вели Андерсон.

    Популарно

    Ќе нема струја до 15 часот: ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    17.12.2025 во 09:44

    Грците тестираат специјални сообраќајни камери, ловат се „живо“: За 4 дена регистрирани повеќе од 2.000 прекршоци

    22.12.2025 во 09:59

    Снег за новогодишната ноќ во Македонија

    22.12.2025 во 11:12

    Трамп ја повлекува Агелер: Македонија дел од големата „чистка“ на американските амбасадори

    22.12.2025 во 10:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.