Close Menu
Press24
    Најново

    Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат

    17.08.2026 во 10:29

    Ведрана Рудан пред смртта: На синот не му оставам ништо и не го сакам на мојот погреб

    18.08.2026 во 11:31

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • НП „Шар Планина“ со апел до возачите на моторни возила да ја намалат брзината при движење низ планинското подрачје
    • Мадона го прослави 68. роденден на Крф
    • На полноќ посакајте си желба и погледнете кон небото: Божјите врати се отвораат за да ви ја исполнат
    • Жена им се заканувала на својот сопруг и нивните деца
    • Приведен тинејџер, возел четирицикл без возачка дозвола
    • Сиљановска-Давкова: Не смееме да заборавиме дека секој што напишал барем неколку реченици во недовршената македонска армиска приказна, оставил трага во нашата воена историја
    • Клековски: Утре детални резултати од контролата на прскањето против комарци
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС, кои не однесоа ниту едно шише вода во Гостивар, заедно со Лимани се дел од локалната власт и имаат заедничка одговорност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мерко доби две години условна казна за незаконско назначување директор

    Мерко доби две години условна казна за незаконско назначување директор

    13.10.2025 во 13:103 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Две години условна казна за незаконско назначување на директор во училиштето „Зини Хани“ во Велешта и парична казна од 2.500 евра за „Браќа Миладиновци“ во Струга доби струшкиот градоначалник Рамис Мерко.

    Условна казна од две години доби и прво обвинетата Егзона Шеи, која ја извршувала функцијата в.д. директор во училиштето со фалсификувани исправи.

    Судечкиот судија Јордан Јованов кажа дека доколку го повторат делото во рок од две години, ќе следува една година ефективна затворска казна. Обвинетата Шеи, според него, која засновала работен однос во училиштето како апсолвент, како приправник работела четири години и од условот за поставување директор со пет години стаж, таа четири години била приправник.

    – Кај исправите постојат елементи на кривичното дело “употреба на исправа со невистинита содржина“. Тоа подразбира дека изјавата не е лажна, но она што е напишано во неа не е точно. Егзона која засновала работен однос како апсолвент како приправник работела четири години. Истиот месец кога дипломирала била избрана за в.д. директор, а стручен испит за наставник полагала кога го почнала третиот и последен мандат како в.д. директор, истакна судијата Јованов.

    Тој појасни, дека таа се товареше дека фалисфикувала три исправи, едната е уверението за приправнички стаж во кое се тврди дека го има завршено приправничкиот испит, втората е потврдата за работно искуство со која се тврди дека има пет години работела како наставник за да може да исполни услови како директор и третата исправа е мислењето на Наставничкиот совет во кое се тврди дека ги совладала предвидените компетенции. 

    – Со оглед на тоа дека делата се сторени со поврзани дејствија под исти околности, одлучив на сите да им биде изречена иста санкција. Овој пат со оглед на олеснителните околности, ќе биде условна осуда, така што им се утврдува казна во траење од една година, која што нема да се изврши доколку во рок од две години по правосилноста не сторат ново кривично дело, рече Јорданов.

    Незадоволни од пресудата изразија и јавниот обвинител Џемал Лога и одбраната на Мерко, Игор Петкоски, кои најавија жалба по приемот на пресудата. 

    – Не очекував парично, но со оглед дека за првиот предмет беше осуден условно, за вториот требаше ефективна затворска казна, изјави обвинителот Лога.

    Струшкиот градоначалник Рамис Мерко доби ослободителна пресуда за набавката на луксузниот автомобил „Ауди“ во вредност од 67.000 евра и парична казна од 10.000 евра за незаконско поставување директори во неколку основни училишта.

    Против него во Судот во Струга се води постапка за незаконско поставување спомен обележје – плоча на влезот на Општинската зграда, а идниот месец треба да почне судскиот процес за склучен договор за осветлување на дел од речното корито на Црн Дрим. 

    Тој е на „црната листа“ на Соединетите Американски Држави (САД) поради вмешаност во корупција.

    Прочитај повеќе

    НП „Шар Планина“ со апел до возачите на моторни возила да ја намалат брзината при движење низ планинското подрачје

    18.08.2026 во 23:49

    Жена им се заканувала на својот сопруг и нивните деца

    18.08.2026 во 22:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.