Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време
    • Танкер погоден со подводен дрон кај Сочи, гори многу нафта во Црното Море
    • Божиновска во Виена: Македонските енергетски приоритети пред европските партнери
    • Трагедија: Младо момче од Македонија загина во бизарна несреќа во Италија
    • МОН со стипендии за средношколци: Објавени конкурси во девет категории
    • ЕУ предлага помалку вета во текот на преговорите – можно олеснување и за Македонија
    • Прилепскиот обвинтиел се сомничи дека земал мито за да му го врати пасошот на битолскиот газда
    • Српската пејачка два пати оперирана во рок од една недела – Откри каква и е здравствената состојба
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски: Центар беше високо оценета од УСАИД за степенот на транспарентност

    Герасимовски: Центар беше високо оценета од УСАИД за степенот на транспарентност

    13.10.2025 во 11:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Кога ќе се прочита Програмата, веднаш се гледа дека таа е еден заокружен пакет со конкретни проекти и решенија. Најважно ми беше да понудиме решенија за сите граѓани, за сите генерации, за сите делови на Центар и за сите области. Тоа е концептот, и затоа за мене сè е главно и важно,“ вели кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, во интервју за Фактор.

    Герасимовски потенцира дека добар градоначалник мора да биде добар домаќин човек кој знае како да ги користи јавните ресурси во интерес на сите.

    „Јас не делев, туку обединував. Не ја водев општината од канцеларија и фотелја, туку бев на терен меѓу граѓаните. Внимавав да има поддршка за сите, од најмлади до највозрасни, за сите урбани заедници и маала. Работев чесно, отчетно и транспарентно, при што ниту еден денар од буџетот не беше потрошен за лични трошоци. Средствата што традиционално оделе за кафеани и дневници ги пренаменивме за социјални потреби и за ранливите категории. Општината Центар беше високо оценета од УСАИД за степенот на транспарентност, што е признание за одговорното работење. Моите лични и семејни вредности, работливост, чесност, правичност и солидарност ги внесов во општината како основни принципи на работа. Не станав градоначалник за да барам функција, туку да работам и да сработам. Само врз основа на резултати и факти барам доверба повторно“, вели Герасимовски. 

    Герасимовски остро се осврна и на противкандидатите, нагласувајќи дека дел од нив немаат програма, ниту реално знаење и искуство.

    „Од другата страна имаме кандидати без визија, без проекти и без резултати. Јас не се занимавам со нивните лаги и манипулации, затоа што верувам во силата и знаењето на граѓаните. На нив им ги оставам лажните видеа и измислиците, на моја страна се резултатите, интегритетот, искуството и чесноста,“ порача Герасимовски.

    Тој истакна дека на овие избори Центар има вистинска граѓанска коалиција и дека победата ќе ја донесе реалната работа и докажаната посветеност кон граѓаните.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже кога дознал за наводниот скандал од 37 милиони евра

    07.10.2026 во 09:27

    Вевчани инвестира во инфраструктурата: Реконструкција на улици, бесплатно Wi-Fi и нова комунална опрема

    07.10.2026 во 09:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.