Close Menu
Press24
    Најново

    Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат

    17.08.2026 во 10:29

    Герасимовски: И оваа година бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение

    17.08.2026 во 10:22

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФОТО: Пациент од Охрид со владиниот авион пренесен во Берлин – ќе му се трансплантира срце
    • Осумгодишно дете заврши на скопските клиники повредите биле од барутни честички
    • СДСМ: Се соочуваме со криза за храна, земјоделците едвај преживуваат
    • Јаневска: Со три нови училници во ООУ „Александар Македонски“ се обезбедува едносменска настава во Аеродром
    • Циркуларна економија и повторна употреба на талогот од кафе
    • Лефков: СДСМ ја дели локалната власт и одговорноста за Гостивар, а Владата го реши проблемот
    • Поповиќ: Власта да ги објави анализите за водата во Гостивар наместо да прави партиски прослави
    • (ВИДЕО) Ангелов: Селото Чаниште и манастирите се безбедни, огнот се движи кон Крушевица
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски: На 19 октомври да гласаме „За Центар што го сакаме“, единствениот и победнички концепт за развој на Центар

    Герасимовски: На 19 октомври да гласаме „За Центар што го сакаме“, единствениот и победнички концепт за развој на Центар

    13.10.2025 во 10:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски, вчера на терен „од врата до врата“ со центарци дискутираше за проектите што треба да се реализираат во новиот мандат.

    Тој, најави бројни капитални проекти како изградба на градинка со капацитет од 100 деца, изградба на дом за стари лица кадешто е предвидено вработување на 25 негователи, изградба на нов административно-граѓански објект, како и два затворени базени.

    „Во новиот мандат работиме за сите граѓани поеднакво, реализираме проекти за децата, за младите, за возрасните, но и за пензионерите. Воведуваме бесплатен оброк за ученици во целодневна настава, а на учениците од петто до деветто одделение им следува бесплатна екскурзија низ Македонија. За 50% ги зголемуваме стипендиите за талентирани ученици, за 50% ги зголемуваме и субвенциите за новороденче. Вложуваме и во подобар квалитет на живот на пензионерите. Од 2.500 на 5.000 денари ја зголемуваме еднократната парична помош на пензионерите со пониска пензија“, вели Герасимовски.

    Герасимовски, истакна дека на 19 октомври победува концептот „За Центар што го сакаме“ затоа што развојот на Центар мора да продолжи.

    „Поддршката од граѓаните е голема, во изминатите четири години направиме многу за нашата општина. Реализиравме над 90% од програмата. Денеска, Центар е нова и успешна приказна која мора да продолжи да се развива по победата на локалните избори. Ги повикувам сите центарци да го направат вистинскиот избор за Центар, за поубава и подобра општина“, потенцира Герасимовски.

    Прочитај повеќе

    ФОТО: Средношколци од Скопје заминаа на бесплатен едукативен камп во Охрид

    19.08.2026 во 11:33

    ФОТО: 115 средношколци од Скопје заминаа на бесплатен едукативен камп во Охрид

    19.08.2026 во 09:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.