Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Градоначалникот на Карпош не поднел оставка

    13.05.2026 во 14:32

    Градежен работник паднал од висина во Кочани – итно е пренесен во Скопје

    13.05.2026 во 14:21

    Скопјанка паднала во шахта на Партизанска – со тешки повреди пренесена во болница

    13.05.2026 во 14:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Градоначалникот на Карпош не поднел оставка
    • Градежен работник паднал од висина во Кочани – итно е пренесен во Скопје
    • Скопјанка паднала во шахта на Партизанска – со тешки повреди пренесена во болница
    • Несреќа на Водно: Полицаец со мотор на МВР излетал од патот за да избегне лисица
    • Апсење на скопскиот аеродром: Маж носел полн куфер со муниција
    • Судење за „Пулс“: Сведоштво за паниката и метежот, одбраната тврди дека девојките имале „душевно растројство“
    • ВЛЕН поставува граници за коцкањето: казината подалеку од училиштата и забрана за реклами
    • Мицкоски шокиран од одлуката за „мазут“: ЕСМ ќе поднесе жалба, Абази го губи кредибилитетот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ако има дипломатски таблички не значи дека може да се паркира како шериф пред „Интермецо“ – градоначалникот на Центар ја известил амбасадата

    Ако има дипломатски таблички не значи дека може да се паркира како шериф пред „Интермецо“ – градоначалникот на Центар ја известил амбасадата

    10.10.2025 во 11:111 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Центар испрати протестна нота до Амбасадата на Република Австрија во земјава поради непрописно паркирање и загрозување на безбедноста на пешаците.

    Протестната нота е потпишана од градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Во нотата се наведува:

    „Општина Центар упатува најостар протест поради непрописното паркирање на дипломатско возило на австриската амбасада со регистарски таблици 22-CMD-01, кое на 8 октомври 2025 година (среда) било паркирано во пешачка зона во паркот во населбата Капиштец, во близина на улицата Народен фронт, наспроти угостителскиот објект ‘Интермецо’.

    Оваа постапка претставува директно прекршување на сообраќајните правила и нарушување на јавната безбедност.

    Овој простор е наменет за рекреација на граѓаните, со спортски и детски игралишта каде секојдневно престојуваат деца, млади и семејства. Со ваквото однесување се загрозува јавниот ред и безбедноста во урбаната средина.“

    Општина Центар потсетува дека, и покрај дипломатскиот статус на возилата, почитувањето на локалните прописи и правилата за јавен ред и безбедност е основен принцип што важи за сите, вклучително и за дипломатските претставништва во Република Северна Македонија.

    Општина Центар бара од Министерството за надворешни работи да ја извести Амбасадата на Република Австрија и да преземе соодветни дипломатски мерки за спречување на вакви случаи во иднина.

    Прочитај повеќе

    Ученици од Драчево во посета кај градоначалникот Орце Ѓорѓиевски

    13.05.2026 во 12:06

    (ФОТО) Општина Центар ја уредува тревата на Кале, акцијата продолжува во Буњаковец

    13.05.2026 во 10:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.